Thursday, 31 October 2013

ЛАМПАРД: СО ЖОЗЕ СЕ СИ ДОЈДЕ НА СВОЕТО МЕСТО.

-  Лампард: Со Мурињо се си дојде на местото

Полудефанзивецот на ЧелСи, Франк Лампард е убеден, дека со враќањето на Жозе Мурињо на менаџерскиот пост, "сините" повторно имаат стабилност и веќе се подготвени да се борат за својата прва титула во Премиер лигата од 2010 година наваму.
"Ако погледнете во резултатите на тим, само една титула во Премиер лигата за последните седум години не е правилно за Челси. Но имам чувство, дека со Мурињо се си дојде на местото. Го имаме карактерот од првиот период на Жозе во клубот, но последната година беше неуспешна за нас. Тоа е нашата проценка".
"Последните две години беа лоши од гледна точка на презентацијата во лигата, иако бевме добри во Европа. Но да заврши на второто и третото место во домашниот шампионат, тоа не е добро. Оние од нас, кои се тука од времето на првиот период на Мурињо, уште се сеќаваат како се работеше Недела по Недела. Сега чувството е, дека овој карактер на победник повторно е тука. Тоа е она што ни треба. Работата е да покажеме добри резултати и тоа почнува да се случува"изјави Лампард.

БЕНДТНЕР САКА ДА ПОМОГНЕ ЗА ТРОФЕИ НА АРСЕНАЛ.

-  Бендтнер вети дека ќе му  помогне на Арсенал во освојувањето на трофеи

Напаѓачот Никлас Бендтнер се надева да му помогне на Арсенал да освои трофеј во сегашната сезона.
"Во моментов јас правам се што е можно, за да му помогнам на тимот да освои трофеи, како што го прави тоа, секој од нас. Отсекогаш сум чувствувал силни чувства кон овој клуб и сум го почитувал клубот. Овде сум и не сум вознемирен од овој факт. Не жалам за тоа. Овде сум дел сум од колективот и си останувам професионалец. Тоа не се само прости зборови, вие може да го видите тоа во секој натпревар, во моите тренинзи во моето жртвување на теренот", изјави Бентнер.


БЕКАМ НЕСАКА ДА ЗБОРУВА ПРОТИВ СЕР АЛЕКС.

-  Бекам: Нема да зборувам ништо лошо за Сер Алекс

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам раскажа за својот однос кон поранешниот менаџер на тимот Сер Алекс Фергусон.
"Не планирам да зборувам ништо лошо за човекот кој ми даде можност да играм во тимот, кој го сакав од дете. Сонував да играм за овој клуб. Токму тој ми даде можност да го сторам тоа и да го исполнам својот сон. Тој веруваше во мене, веруваше и во останатите млади луѓе", изјави Бекам.

АГЕНТОТ НА БОРИНИ: ФАБИО НЕ ЖАЛИ ЗА ТРАНСФЕРОТ ВО САНДЕРЛЕНД.

-  Агент: Борини не жали што го избра Сандерленд

Агентот Марко Де Марчи изјави, дека напаѓачот Фабио Борини не жали и не се двоумел во изборот да биде дел од тимот на Сандерленд во оваа сезона.
"Неговото преминување во Сандерленд се случи во последните часови на трансфер прозорецот, но тој не се кае за својот избор. И по лошиот старт на сезоната, Борини не се двоуми и тренира напорно за да може да даде се од себе за тимот. Тој го почитуваме Ди Канио, но неговото разрешување нема да влијае на претставувањето на Фабио", коментира Марко Де Марчи.

МИЊОЛЕ ВЕРУВА ВО УСПЕСИТЕ НА ПУЛ.

-  Мињоле верува, дека Пул ќе остане поблиску до врвот

Голманот на Ливерпул, Симон Мињоле е убеден, дека неговиот тим има сè што е потребно за да се задржи поблиску до врвот во Премиер лигата.
"Приближијаќи се до врвот на табелата и засега работите кај нас одат добро. Од моето искуство во Сандерленд знам, дека казните и повредите на играчите имаат големо влијание врз претставувањето на тимот. Но тука длабочината на составот е голема и веројатно со слични проблеми ќе се справиме како што треба", изјави Мињоле.

ДЕМИКЕЛИС САКА СТАРТНО МЕСТО ВО СИТИ.

-  Демикелис сака стартното место во Сити

Централниот дефанзивец на Манчестер Сити, Мартин Демикелис ја сподели својата желба за постојано место во стартната постава на својот тим.
"Се чувствувам како да сум на 20 години. Да играм во најсилното првенство во светот е големо искуство за мене. Имам многу амбиции и сум овде не за тоа да бидам второстепени улоги. Сакам да бидам дел од тимот и јас сум убеден дека ќе го направи тоа. што се однесува до моето колено, се чувствувам добро и мислам, дека ќе играм против Њукасл, Сето тоа зависи од менаџерот", изјави Демикелис.

ВИЛА ПОЗАЈМИ ИГРАЧ НА ВИГАН.

-  Вила го даде Олбрајтон на Виган

Астон Вила официјално го потврди преминувањето на својот фудбалер Марк Олбрајтон на позајмица во Виган. Договорот е за период од еден месец. Своевремено 23-годишниот фудбалер се сметаше за кандидат за националниот тим на Англија, но во моментов тој дури и не може да смета на место во составот на Пол Ламберт.
Во врска со тоа менаџерот на Вила одлучи да го упати Марк во клубот од Чемпионшип дивизијата.

РОЏЕРС САКА ДА БИДЕ ИСКРЕН СО АГЕР.

-  Роџерс: Сакам да бидам искрен со Агер

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс ја објасни ситуацијата со дефанзивецот Даниел Агер, кој сои новата шема на игра на Ливерпул не добива доволно време за игра.
"Се обидувам да бидам искрен со моите фудбалери. Луѓето велат, дека на мене ми се допаѓа еден или друг фудбалер, но јас судам само по нивото на претставување. Ако играш добро, тогаш излегуваш на теренот. Ако не, остануваш надвор од составот. Кај мене на клупата седи капитен на национален тим, но мислам, дека постапувам чесно, бидејќи во составот имам луѓе кои играат подобро од него", изјави Роџерс.

ЧЕЛСИ ПОТПИША СО ИГРАЧ ОД БУРКИНА ФАСО.

-  Челси потпиша со репрезентативец на Буркина Фасо

Англискиот фудбалски клуб Челси потпиша со 18-годишниот фудбалер од Буркина Фасо, Бертран Траоре. Халфот, кој играше за лондончани за време на летната турнеја во Азија и постигна два гола, стави потпис на договор за четири и пол години. Финансиските услови на договорот не се објавени. Траоре има еден гол во 10 натпревари за националниот тим на својата земја, за кој дебитираше на 15-годишна возраст.

ПАНТИЛИМОН МОЖЕ ДА БРАНИ ПРОТИВ НОРИЧ.

-  Пантилимон го изместува Џо Харт и во Премиер лигата?

Настапите на романскиот голман Костел Пантилимон во дуелот на Манчестер Сити против Њукасл се на пат да му донесат стартното место и за дуелот на "граѓаните" од Премиер лига, прогнозираат медиумите на Островот. Според изданијата, менаџерот на  граѓаните" Мануел Пелегрини веќе решил да го направи овој решителен потег по бројните грешки на првиот голман Џо Харт од почетокот на сезоната.
"Костел е многу добар голман. Тој секогаш игра за нас во "Кепитал Ванг Кап" и "ФА Купот". Дали сега сметам да сметам на него ? Од утре почнувам да мислам за натпреварот со Норич. Ќе зборувам со голманите во тимот утре. На теренот може да биде само еден од нив и кој и да е тој, значи ја ужива мојата целосна поддршка", изјави Пелегрини.

СЕДУМ НАВИВАЧИ НА ЧАРЛТОН ОСУДЕНИ ЗА РАСИСТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ.

-  Седум навивачи на Чарлтон во затвор за расистички песни

Седум приврзаници на лондонскиот Чарлтон Атлетик беа осудени со ефективни затворски казни помеѓу шест и 18 месеци затвор за тоа што, ширеле страв во околината и го плашеле насилство, пеејќи песни за поддршка на убиецот Гари Добсон, осуден за расистички мотивираното убиство на црнецот Стивен Лоренс. Седумтемина фанови го опејувале убиецот во возот на лондонското метро по патот за дуелот помеѓу нивниот омилен Чарлтон и Фулам од турнирот за Купот на Англија на 7 Јануари минатата година. Младите на возраст помеѓу 22 и 31 години добија казни, освен месеци во затвор, ќе треба да го истрпат вкупно 52 години забрана за посета на фудбалски средби. Од клубот, кој навивачите го поддржуваат, исто така, соопштија дека ќе преземе дополнителни мерки спрема нив. "Овие фанови скандирал и пееле расистички навреди и опејувле осудените убијци на Стивен Лоренс. Да ги воздигнуваш и идолизираш вакви луѓе е вознемирувачки и фрустрирачки. Нивниот јазик на расизам и навреди со сексуална насоченост ги натерало сведоците да се почувствуваат загрозени и да чувствуваат ризик од тоа да се дојде до вистинско насилство. Сакам да им се заблагодарам на тие сведоци, за тоа што излегоа и дадоа докази во поддршка на обвинителството. Се надевам, дека овие пресуди ќе бидат предупредување за тоа, дека расистичко и заканувачко однесување нема да биде толерирано во нашиот град", рече во завршното обраќање судија Балџит Абхиј пред да ја изрече пресудата на седумте приврзаници.

ВЕНГЕР: СО ЛИВЕРПУЛ ЌЕ ПОКАЖЕМЕ ШТО МОЖЕМЕ.

-  Венгер: Ќе покажеме што можеме против Ливерпул

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вети дека неговиот тим ќе ги покаже вистински можности во претстојното дерби против Ливерпул.
"Ќе покажеме што можеме против Ливерпул. Формата дома е вознемирувачка, но не е толку, колку што статистиката покажува, бидејќи во важните натпревари со Дортмунд и Челси ние дозволивме некои лесни голови. Во нив имаше добрите и лошите страни. Лошите се што примивме голови, а добрите се, што реално не им дава многу можности на противниците. Сега само треба да ја одржуваме концентрација во следните дуели. Разочарани сме што изгубивме од Челси, бидејќи направивме многу напори во овој натпревар. На крајот сепак требаше да ризикуваме што му даде повеќе простор на противникот кој не казни со контранапади. Првиот гол беше решителниот момент во натпреварот, бидејќи од корнер за нас се дојде до гол за противникот. Треба да ги извадиме потребните поуки и да гледаме напред. Потребно е да бидеме концентрирани во финалната фаза на нападот", изјави Венгер.

ЈАЈА ТУРЕ ГО ОТПИША ЈУНАЈТЕД ОД БОРБАТА ЗА ТИТУЛАТА.

-  Јаја Туре го отпиша Манчестер Јунајтед од борбата за титулата

Халфот на Манчестер Сити, Јаја Туре го отпиша градскиот ривал Манчестер Јунајтед од борбата за титулата. Според него "црвените ѓаволи" имаат тешкотии со новиот менаџер Дејвид Мојс и тој гледа поголема закана од страна на Ливерпул. 
"Јунајтед ќе има тешкотии да ја одбрани титулата откако го смени менаџерот и сеуште не може да влезе во ритам. Според мене Ливерпул е најголемата закана. Тие имаат силен тим, а напаѓачкото дуо Луис Суарез - Даниел Стариџ постигнува многу голови", изјави Туре. Во исто време халфот го заштити голманот Џо Харт, кој доби многу критики за своето педставување во последно време. 
"Џо останува голман од највисока класа , кој секогаш го дава најдоброто од себе на теренот", додаде Туре.


ТОТНЕМ ПОБЕДИ НА ПЕНАЛИ ПО 1994 ГОДИНА.

-  Тотнем победи на пенали за прв пат од 1994 година

Успехот над Хал Сити по изведувањето на пенали во 1/8-финалето во Лига Купот е прв за Тотнем од 1994-та година, соопшти "Скај Спортс". Во следниот коло "Спарс" играат со Вест Хем, а дуелот е по 16 Декември.
"Трениравме многу интензиво пенали по натпреварот со Базел (Тотнем загуби на пенали во 1/4-финалето во Лига Европа). Веќе 3-4 месеци сепак ја прекинавме оваа практика. Беше фантастичен натпревар. Апсолутно непредвидлив дуел. Ако сакате среќна крај или нешто очекувано тогаш одете на опера или театар. Не можам да бидам посреќен", рече менаџерот на Тотнем Андре Вилаш-Боаш.

ФОРЧЈУН: АДНАН ЌЕ ГО НАДМИНЕ РОНАЛДО.

-  Јанузај ќе го надмине Кристијано Роналдо

18-годишната сензација на Манчестер Јунајтед Аднан ЈанузаЈ може да го надмине Кристијано Роналдо со настапите на "Олд Трафорд", предвиде поранешниот фудбалер на "црвените ѓаволи" Квинтон Форчјун.
"Секој во клубот знаеше колку специјално момче е Аднан. Тој напредуваше исклучително многу на тренинзите со вториот тим и младинците, а кога беше земен во првиот тим, веќе многу фудбалери го познаваа. Има исклучителна верба во сопствените способности и тоа е нешто што ретко се гледа кај младите фудбалери. Ме потсетува многу на Кристијано, кога тој дојде во Манчестер. Тој е фантастичен фудбалер и може да очекувате иште многу од него. Кога ќе има уште неколку натпревари зад грбот, ќе видите уште подобри игри од него. Не гледам зошто да не го надмине Роналдо по достигнувањата во Јунајтед", коментира Форчјун.