Thursday, 31 October 2013

ЧЕЛСИ ПОТПИША СО ИГРАЧ ОД БУРКИНА ФАСО.

-  Челси потпиша со репрезентативец на Буркина Фасо

Англискиот фудбалски клуб Челси потпиша со 18-годишниот фудбалер од Буркина Фасо, Бертран Траоре. Халфот, кој играше за лондончани за време на летната турнеја во Азија и постигна два гола, стави потпис на договор за четири и пол години. Финансиските услови на договорот не се објавени. Траоре има еден гол во 10 натпревари за националниот тим на својата земја, за кој дебитираше на 15-годишна возраст.

No comments:

Post a Comment