- Јаја Туре го отпиша Манчестер Јунајтед од борбата за титулата
Халфот на Манчестер Сити, Јаја Туре го отпиша градскиот ривал Манчестер Јунајтед од борбата за титулата. Според него "црвените ѓаволи" имаат тешкотии со новиот менаџер Дејвид Мојс и тој гледа поголема закана од страна на Ливерпул.
"Јунајтед ќе има тешкотии да ја одбрани титулата откако го смени менаџерот и сеуште не може да влезе во ритам. Според мене Ливерпул е најголемата закана. Тие имаат силен тим, а напаѓачкото дуо Луис Суарез - Даниел Стариџ постигнува многу голови", изјави Туре. Во исто време халфот го заштити голманот Џо Харт, кој доби многу критики за своето педставување во последно време.
"Џо останува голман од највисока класа , кој секогаш го дава најдоброто од себе на теренот", додаде Туре.

No comments:
Post a Comment