Thursday, 31 October 2013

ФОРЧЈУН: АДНАН ЌЕ ГО НАДМИНЕ РОНАЛДО.

-  Јанузај ќе го надмине Кристијано Роналдо

18-годишната сензација на Манчестер Јунајтед Аднан ЈанузаЈ може да го надмине Кристијано Роналдо со настапите на "Олд Трафорд", предвиде поранешниот фудбалер на "црвените ѓаволи" Квинтон Форчјун.
"Секој во клубот знаеше колку специјално момче е Аднан. Тој напредуваше исклучително многу на тренинзите со вториот тим и младинците, а кога беше земен во првиот тим, веќе многу фудбалери го познаваа. Има исклучителна верба во сопствените способности и тоа е нешто што ретко се гледа кај младите фудбалери. Ме потсетува многу на Кристијано, кога тој дојде во Манчестер. Тој е фантастичен фудбалер и може да очекувате иште многу од него. Кога ќе има уште неколку натпревари зад грбот, ќе видите уште подобри игри од него. Не гледам зошто да не го надмине Роналдо по достигнувањата во Јунајтед", коментира Форчјун.

No comments:

Post a Comment