- Лампард: Со Мурињо се си дојде на местото
Полудефанзивецот на ЧелСи, Франк Лампард е убеден, дека со враќањето на Жозе Мурињо на менаџерскиот пост, "сините" повторно имаат стабилност и веќе се подготвени да се борат за својата прва титула во Премиер лигата од 2010 година наваму.
"Ако погледнете во резултатите на тим, само една титула во Премиер лигата за последните седум години не е правилно за Челси. Но имам чувство, дека со Мурињо се си дојде на местото. Го имаме карактерот од првиот период на Жозе во клубот, но последната година беше неуспешна за нас. Тоа е нашата проценка".
"Последните две години беа лоши од гледна точка на презентацијата во лигата, иако бевме добри во Европа. Но да заврши на второто и третото место во домашниот шампионат, тоа не е добро. Оние од нас, кои се тука од времето на првиот период на Мурињо, уште се сеќаваат како се работеше Недела по Недела. Сега чувството е, дека овој карактер на победник повторно е тука. Тоа е она што ни треба. Работата е да покажеме добри резултати и тоа почнува да се случува", изјави Лампард.

No comments:
Post a Comment