- Венгер: Ќе покажеме што можеме против Ливерпул
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вети дека неговиот тим ќе ги покаже вистински можности во претстојното дерби против Ливерпул.
"Ќе покажеме што можеме против Ливерпул. Формата дома е вознемирувачка, но не е толку, колку што статистиката покажува, бидејќи во важните натпревари со Дортмунд и Челси ние дозволивме некои лесни голови. Во нив имаше добрите и лошите страни. Лошите се што примивме голови, а добрите се, што реално не им дава многу можности на противниците. Сега само треба да ја одржуваме концентрација во следните дуели. Разочарани сме што изгубивме од Челси, бидејќи направивме многу напори во овој натпревар. На крајот сепак требаше да ризикуваме што му даде повеќе простор на противникот кој не казни со контранапади. Првиот гол беше решителниот момент во натпреварот, бидејќи од корнер за нас се дојде до гол за противникот. Треба да ги извадиме потребните поуки и да гледаме напред. Потребно е да бидеме концентрирани во финалната фаза на нападот", изјави Венгер.

No comments:
Post a Comment