- Роџерс: Сакам да бидам искрен со Агер
Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс ја објасни ситуацијата со дефанзивецот Даниел Агер, кој сои новата шема на игра на Ливерпул не добива доволно време за игра.
"Се обидувам да бидам искрен со моите фудбалери. Луѓето велат, дека на мене ми се допаѓа еден или друг фудбалер, но јас судам само по нивото на претставување. Ако играш добро, тогаш излегуваш на теренот. Ако не, остануваш надвор од составот. Кај мене на клупата седи капитен на национален тим, но мислам, дека постапувам чесно, бидејќи во составот имам луѓе кои играат подобро од него", изјави Роџерс.

No comments:
Post a Comment