CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 2 September 2013

ОФИЦИЈАЛНО: ГОЛМАНОТ ЛИ КЕМП Е ИГРАЧ НА ВБА.

-  Вест Бромич зеде голман

Менаџерот на Вест Бромич, Стив Кларк исто така покажа активност во последниот ден на трансфер пазарот, привлекувајќи нов голман. 29-годишниот поранешен чувар на Норич, Нотингем, Квинс Парк Ренџерс Дерби Каунти и Бартон Албион, Ли Кемп дојде на "Д Хоуторнс" со слободен трансфер. Тој потпиша договор до Јануари, со опција за продолжување на договорот по Нова Година. Доаѓањето на Кемп е по повредата на првиот голман на ВБА, Бен Фостер, кој ја скрши ногата и ќе отсуствува од терените околу три месеци.

ФЕЛАИНИ ЌЕ БИДЕ "ЦРВЕН ЃАВОЛ", СЕ ЧЕКА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА.

-  Јунајтед се подготвува за Фелаини

По се изгледа дека Маруан Фелаини ќе премине во Манчестер Јунајтед. Пред неколку минути на "Твитер" беше објавен скриншот од работата на создавање на профилот на фудбалерот на официјалниот сајт на шампионите. Таква слика се појави и на денот на трансферот на Димитар Бербатов од Тотнем во Манчестер Јунајтед пред пет години. "Црвените ѓаволи" преговараат со Евертон, откако белгискиот фудбалер јавно изјави дека сака да премине во Јунајтед.


ВЕНГЕР: ВИЛШЕР Е ДОБАР И ЌЕ ИГРА ЗА АНГЛИЈА.

-  Повредата на Вилшер не е сериозна

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека промената на полудефанзивецот Џaк Вилшер во вчерашниот натпревар со Тотнем не е предизвикана од нова повреда на играчот.
"Тој има проблеми со стомакот, но ништо не може да го запре да игра за Англија. Тоа е вирус, од која настрадаа двајца наши играчи. Еден од нас - Бакар Сања - се почуствува лошо точно пред средбата. Џак беше подобро и за тоа решив да го става меѓу стартерите, а не Сања, кој не можеше да игра ", изјави Венгер.

ОФИЦИЈАЛНО: МОУЗЕС НА ПОЗАЈМИЦА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА ВО ЛИВЕРПУЛ.

-  Ливерпул го објави трансферот на Виктор Моузес

Виктор Моузес е последното ново засилување на Ливерпул, откако клубот официјално го објави неговиот трансфер. Тој во Ливерпул пристигна на позајмица од Челси, со договор до крајот на сезоната.
Еве ја и изјавата на Моузес:
"Прво, среќен сум што го остварив овој трансфер во голем клуб како Ливерпул. Јас сум професионалец и сум овде за да завршам работа на тимот. Целта е да завршиме во топ 4 и соодветно учество во Лигата на Шампионите, кое на мене многу ми се допаѓа. Менаџерот се справува многу добро и верувам, дека сите ќе ми помогнат да се навикнам побрзо со новиот тим. Тука има многу класни фудбалери кои создаваат можности и ги одбиваат натпреварите. За мене е нешто големо да сум во Ливерпул."

ФЕЛАИНИ ДОСТАВУВА БАРАЊЕ ЗА ТРАНСФЕР, ИМА ПРЕГОВОРИ ПОМЕЃУ КЛУБОВИТЕ.

-  Фелаини доставува барање за трансфер во Јунајтед

Фудбалерот на Евертон, Маруан Фелаини ќе достави барање за трансфер во Манчестер Јунајтед, до раководството на тимот. Белгиецот е силно посакуван од "црвените ѓаволи" и Дејвид Мојс, пренесува "Дејли Меил".
Преговорите меѓу двата клуба почнаа од вчера и се во напредна фаза.
Манчестер Јунајтед се договорил со Евертон за трансферот на белгискиот фудбалер Маруан Фелаини, тврди Goal.com. Според фудбалскиот сајт, трансферот е во вредност од 24 милиони фунти. Трансферот ќе стане факт штом "карамелите" од Ливерпул ќе ги обезбедат услугите на Џејмс Макарти од Виган.

ОФИЦИЈАЛНО: АРНАУТИВИЧ Е ИГРАЧ НА СТОУК СИТИ.

-  Стоук Сити го зема Марко Арнаутович

Менаџерот на Стоук Сити, Марк Хјуз го направи еден од првите трансфери во Премиер лигата, во последниот ден од летниот трансфер прозорец.
"Грнчарот" го зедоа австрискиот репрезентативец Марко Арнаутович од Вердер Бремен.
Според информациите, од англискиот клуб се платени 2 милиони фунти на германскиот тим за 24-годишниот напаѓач.
Арнаутович ставил потпис на четиригодишен договор со Стоук Сити.
"Стоук Сити е задоволен што го објави трансферот на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутович од Вердер Бремен", напиша англискиот клуб на својата официјалната страница на Facebook.

ВИГАН ГО ОДБИ ЕВЕРТОН ЗА МАКАРТИ

-  Виган го одби Евертон за Макарти

Виган ја отфрлил понудата на Евертон за играчот за врска Џејмс Макарти. Тренерот на "карамелите" прави се за да го донесе поранешниот ученик. Се проценува дека од Виган сакаат околу 10 милиони фунти за 22-годишниот фудбалер, што е проблем за тимот од Ливерпул.
"Имавме неколку понуди за Џејмс, но сметаме, дека не се доволно добри. Јас му кажав, дека тој може да го напушти тимот, ако добиеме понуда, која ни одговара. Евертон беше првиот тим кој стави пари на масата".
"Макарти е среќен и ќе бидам среќен, ако остане", заврши директорот на Виган Дејв Уилан.

ОФИЦИЈАЛНО: САКО И ИЛОРИ СЕ ФУДБАЛЕРИ НА ЛИВЕРПУЛ.

-  Ливерпил објави две нови засилувања

Англискиот Ливерпул официјално го објави трансферот на 20 - годишниот дефанзивец од Спортинг Лисабон Тиаго Илори. Не е јасно за колку години е договорот на фудбалерот и за каква трансферна сума премина на "Енфилд " . Еве какви беа првите зборови како фудбалер на "црвените " :
"Чувството да си фудбалер на Ливерпул е одлично. Моето пристигнување во Премиер лигата, секогаш било сон за мене. Според мое мислење тоа е најдобро првенство во светот. Ливерпул има одличен тим и мислам дека имам место во овој тим. Клубот има освоено многу трофеи во минатото и сакам да бидам дел од тоа".
Ливерпул го објави трансферот на Мамаду Сако, кој доаѓа од шампионот на Франција, ПСЖ. 23-годишниот Сако потпиша долгорочен договор, информираше Ливерпул, откако утринава ги помина медицинските прегледи. Трансферната сума не е откриена официјално, но се претпоставува дека станува збор за 12 милиони фунти.
"Мило ми е што сум овде, би сакал да им се заблагодарам на сите. Очекувам со нетрпение да го одиграм првиот натпревар".
"Знам дека навивачите на Пул се фантастични , тие се најдобри во Англија. Целта ми е да играм во Лигата на Шампионите со овој клуб . На ова натпреварување  учествуваат сите големи клубови во Европа и тоа е нашата задача " .
"Односно историјата на Ливерпул, најмногу ме импресионира победата во финалето во Лигата на Шампионите, кога бев помлад. Се сеќавам, дека ова многу ме импресионира. Се надевам да создадам нов дел од историјата со фановите", дополни Сако .

ОФИЦИЈАЛНО: ДЕМИКЕЛИС Е ИГРАЧ НА СИТИ.

-  Манчестер Сити го зема Демикелис

Вицешампионот Манчестер Сити официјално го објави во својот сајт трансферот на дефанзивецот Мартин Демикелис.
Дефанзивецот доаѓа од Атлетико Мадрид, каде што премина со слободен трансфер, но не настапи на ниту едена средба. Договорот за Атлетико е одлична, бидејќи се смета дека тие ќе добијат 5 милиони евра за него.
Договорот на 32-годишниот фудбалер е за 2 години, тој ќе игра со дрес со № 26. Ова е трет пат, во кој тој ќе работи со Мануел Пелегрини, откако претходно двајцата беа заедно во Ривер Плата и Малага.
"Среќен сум, што доаѓам во Манчестер Сити, бидејќи имам амбиција да постигнам уште успеси и да продолжам да напредувам. Во Европа сум 11 години, и тоа беше голема шанса за мене да играм во Премиер лигата, кој не можев да ја пропуштам".
"По промена секогаш е потребно време за адаптација, но сигурен сум дека нема да имам проблеми во овој поглед и ќе се навикнам брзо, бидејќи одамна играм во Европа. Сакам да се оддолжам за укажаната доверба и немам трпение да започнам да играм", кажа Демикелис пред официјалната страница на Сити.

ИЗЈАВИТЕ НА ВИЛАШ-БОАШ И ВЕНГЕР ПО ДЕРБИТО, АРСЕНАЛ-ТОТНЕМ.

-  Вилаш-Боаш: Натпреварот требаше да заврши нерешено

Менаџерот на Тотнем, Андре Вилаш-Боаш ја коментира средбата од третото коло во Премиер лигата против Арсенал .
"Во првото полувреме немавме шанси, противникот започна многу силно, но сметам, дека се вративме во натпреварот по голот. По паузата дејствуваме самоуверено, но Арсенал се спротивсавуваше добро. Според мене, ремито беше фер резултат. Тоа што тие ја завршија средбата со четворица централни дефанзивци, само покажува колку тие, сакаа да го постигнат овој резултат " , изјави Вилаш-Боаш .
Арсен Венгер беше широко насмевнат по победата од 1:0 во лондонското дерби со Тотнем .
"Уживаа во победата, апсолутно. Како и на односот што го покажаа моите играчи. Беше многу напната натпревар во кој понекогаш, особено во второто полувреме, имавме падови. Но ако треба да резимираме, нивниот голман ( Уго Лорис ) беше најдобар играч на Тотнем, а ние имавме многу шанси".
"Признавам дека на крајот ризикувавме да не победи и имавме малку среќа, затоа што сакавме да го задржиме резултатот. Паднаа помалку голови од вообичаеното помеѓу Арсенал и Тотнем, но дербито беше многу интересно", изјави Венгер .

ВЕНГЕР ВЕТИ ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО АРСЕНАЛ.

-  Венгер вети трансфер сурприз

По победата во дербито над Тотнем со 1:0, тренерот на Арсенал, Арсен Венгер најави за евентуален сурприз од клубот во последниот ден на трансфер прозорецот.
"Ако потпишеме со некого, јас ветувам дека тоа ќе се случи многу брзо и ние веднаш ќе го објавиме. Можеби имам добар сурприз за вас. Во идеалн сличај, ние сакаме да имаме силен состав, за да избегнеме сериозните повреди. Но ние активно работиме, и имаме време до утревечер до 11 часот ", изјави Венгер.
МОЖНИОТ СУПРИЗ:
Реал Мадрид е пред разделба со полудефанзивецот Месут Озил. Според информациите кои пристигнаа пред помалку од Шпанија, шпанскиот вицешампион постигнал договор со Арсенал за трансферот на германскиот репрезентативец. Се претпоставува дека "топџиите" ќе платат 40 милиони за Озил.

РЕДНАП: НЕМОЖАМ ДА ПОВЕРУВА ДЕКА НЕМА КУПУВАЧ ЗА ЖУЛИО ЦЕЗАР.

-  Реднап: Изненaдан сум од недостаток на интерес кон Цезар

Менаџерот на Квинс Парк Ренџерс, Хари Реднап е изненаден од тоа што по испаѓањето на лондончани од елитата, ниту еден клуб не може да го донесе во своите редови Жулио Цезар. Како што е познато, бразилецот сеуште не одиграл официјален натпревар за КПР и дури не тренира со тимот, а неговите обиди да потпише со некој тим завршија неуспешно. Целата ситуација го чинеше  Цезар местото во "Селесао" и го става под прашање неговото учество во Мундијал 2014.
"Не можам да верувам, дека ниту еден клуб во светот не се обратил до нас по повод продажбата на Цезар. Немам никакви сомнежи дека тој е еден од најдобрите голмани", изјави Реднап.

СТАРИЏ: ВО ЛИВЕРПУЛ Е ВАЖЕН КОЛЕКТИВОТ НЕ ИНДИВИДУАЛНАТА КЛАСА.

-  Стариџ: Во Ливерпул е важен тимот, не индивидуалноста

Голгетерот на Ливерпул Даниел Стариџ, кој денес, на неговиот роденден, ја донесе победата на својот тим во дербито против Манчестер Јунајтед, смета дека тимот на Ливерпул е многу поважен од  индивудалност. 
"Мислам дека работиме многу напорно како тим од почетокот на сезоната. Менаџерот го нагласува тоа, дека е важен тимот, не индивидуалноста. Дојдов тука за да работам за навивачите и тимот. Одлично е, што националниот селектор Рој Хоџсон беше тука. Пред натпреварот имав проблеми со колкот и тоа ми пречеше. Се надевам дека ќе бидам добро за квалификациите са светско првенство следната Недела ", изјави Стариџ.

ИЗЈАВИТЕ НА РОЏЕРС И МОЈС ПО ДЕРБИТО, ЛИВЕРПИЛ-ЈУНАЈТЕД.

-  Роџерс: Веќе имаме менталитет да победиме во големите натпревари

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс беше многу задоволен од победата на својот тим во дербито против Манчестер Јунајтед, според него Ливерпул веќе имаат менталитет да победува во големите натпревари во Премиер лигата.
"Победата е одлична за нашата самодоверба. Минатата сезона завршивме нерешено во многу од важните натпревари, а Манчестер Јунајтед не победи двапати. Презентацијата денес беше позитивна. Од Јануари нашата формата е многу ж, многу добра. Јунајтед играше добро и за нас не беше воопшто лесно, но веќе имаме менталитет да го постигнуваме резултати", изјави Роџерс .
Менаџерот на Манчестер Јунајтед , Дејвид Мојс изјави дека е задоволен од претставувањето на својот тим во дербито против Ливерпул, иако шампиони загубија .
"Мислам, дека навистина игравме добро. Ја имавме иницијативата во големи периоди од средбата, но не успеавме да постигнеме гол. Освен загубата на концентрација при нивниот гол, игравме добро. Имавме две или три можности за гол, но не успеавме да ги реализираме. Мислам дека Дани Велбек беше удрен во задниот дел на ногата и требаше да добиеме пенал. Фил Џонс го повреди глуждот, не знам колку е тешко неговата состојба. Од она што го видов денес, повеќе сум од среќен од играчите, со кои располагам. Денес го одигравме најдобриот натпревар од почетокот на сезоната. Би немал  грижи, ако не успееме да донесеме ниту еден нов фудбалер", изјави Мојс .


ОФИЦИЈАЛНО: БЕЈЛ Е ИГРАЧ НА РЕАЛ МАДРИД

-  Бејл е играч на Реал Мадрид

Сагата заврши! Гарет Бејл ќе игра во Реал Мадрид. Тоа го потврди официјалниот сајт на "белите" со соопштение во 20,00 часот средно европско време. Во истиот час од "Вајт Харт Лејн" го објавија трансферот преку профилот на Twitter. Велшкиот фудбалер потпиша со кралскиот клуб до летото 2019 година. Двата клуба не ја објавија трансфер сума и не е јасно дали ова е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Според извори од Мадрид договорот е во вредност од 91 милиони евра. Изворите од Лондон тврдат дека сумат е 100 милиони. Официјалното претставување на играчот ќе биде утре од 14,00 часот во ложата на "Сантијаго Бернабеу". Минути пред официјалното објавување на трансферот менаџерот на Спарс Андре Вилаш-Боаш призна дека играчот преминува во Реал Мадрид. "Немавме никаква намера да го продаваме Бејл, бидејќи беше дел од нашиот иден проект. Но голема  беше желбата на Реал Мадрид, толку голема беше и желбата на Гарет Бејл да премине во Реал и решивме, дека оваа сезона нема да приоднесува доволно за Тотнем". Самиот фудбалер веднаш излезе со официјално соопштение објавено на сајтот на Тотнем. "Тотнем секогаш ќебидево моето срце и јас сум сигурен дека оваа сезона ќе биде успешна за тимот. Сега со нетрпение го чекам следната предизвик во мојот живот - да играм фудбал за Реал Мадрид " ,  изјави Бејл.