- Јунајтед се подготвува за Фелаини
По се изгледа дека Маруан Фелаини ќе премине во Манчестер Јунајтед. Пред неколку минути на "Твитер" беше објавен скриншот од работата на создавање на профилот на фудбалерот на официјалниот сајт на шампионите. Таква слика се појави и на денот на трансферот на Димитар Бербатов од Тотнем во Манчестер Јунајтед пред пет години. "Црвените ѓаволи" преговараат со Евертон, откако белгискиот фудбалер јавно изјави дека сака да премине во Јунајтед.

No comments:
Post a Comment