CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 2 September 2013

ИЗЈАВИТЕ НА ВИЛАШ-БОАШ И ВЕНГЕР ПО ДЕРБИТО, АРСЕНАЛ-ТОТНЕМ.

-  Вилаш-Боаш: Натпреварот требаше да заврши нерешено

Менаџерот на Тотнем, Андре Вилаш-Боаш ја коментира средбата од третото коло во Премиер лигата против Арсенал .
"Во првото полувреме немавме шанси, противникот започна многу силно, но сметам, дека се вративме во натпреварот по голот. По паузата дејствуваме самоуверено, но Арсенал се спротивсавуваше добро. Според мене, ремито беше фер резултат. Тоа што тие ја завршија средбата со четворица централни дефанзивци, само покажува колку тие, сакаа да го постигнат овој резултат " , изјави Вилаш-Боаш .
Арсен Венгер беше широко насмевнат по победата од 1:0 во лондонското дерби со Тотнем .
"Уживаа во победата, апсолутно. Како и на односот што го покажаа моите играчи. Беше многу напната натпревар во кој понекогаш, особено во второто полувреме, имавме падови. Но ако треба да резимираме, нивниот голман ( Уго Лорис ) беше најдобар играч на Тотнем, а ние имавме многу шанси".
"Признавам дека на крајот ризикувавме да не победи и имавме малку среќа, затоа што сакавме да го задржиме резултатот. Паднаа помалку голови од вообичаеното помеѓу Арсенал и Тотнем, но дербито беше многу интересно", изјави Венгер .

No comments:

Post a Comment