- Роџерс: Веќе имаме менталитет да победиме во големите натпревари
Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс беше многу задоволен од победата на својот тим во дербито против Манчестер Јунајтед, според него Ливерпул веќе имаат менталитет да победува во големите натпревари во Премиер лигата.
"Победата е одлична за нашата самодоверба. Минатата сезона завршивме нерешено во многу од важните натпревари, а Манчестер Јунајтед не победи двапати. Презентацијата денес беше позитивна. Од Јануари нашата формата е многу ж, многу добра. Јунајтед играше добро и за нас не беше воопшто лесно, но веќе имаме менталитет да го постигнуваме резултати", изјави Роџерс .
Менаџерот на Манчестер Јунајтед , Дејвид Мојс изјави дека е задоволен од претставувањето на својот тим во дербито против Ливерпул, иако шампиони загубија .
"Мислам, дека навистина игравме добро. Ја имавме иницијативата во големи периоди од средбата, но не успеавме да постигнеме гол. Освен загубата на концентрација при нивниот гол, игравме добро. Имавме две или три можности за гол, но не успеавме да ги реализираме. Мислам дека Дани Велбек беше удрен во задниот дел на ногата и требаше да добиеме пенал. Фил Џонс го повреди глуждот, не знам колку е тешко неговата состојба. Од она што го видов денес, повеќе сум од среќен од играчите, со кои располагам. Денес го одигравме најдобриот натпревар од почетокот на сезоната. Би немал грижи, ако не успееме да донесеме ниту еден нов фудбалер", изјави Мојс .

No comments:
Post a Comment