CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 2 September 2013

ОФИЦИЈАЛНО: БЕЈЛ Е ИГРАЧ НА РЕАЛ МАДРИД

-  Бејл е играч на Реал Мадрид

Сагата заврши! Гарет Бејл ќе игра во Реал Мадрид. Тоа го потврди официјалниот сајт на "белите" со соопштение во 20,00 часот средно европско време. Во истиот час од "Вајт Харт Лејн" го објавија трансферот преку профилот на Twitter. Велшкиот фудбалер потпиша со кралскиот клуб до летото 2019 година. Двата клуба не ја објавија трансфер сума и не е јасно дали ова е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Според извори од Мадрид договорот е во вредност од 91 милиони евра. Изворите од Лондон тврдат дека сумат е 100 милиони. Официјалното претставување на играчот ќе биде утре од 14,00 часот во ложата на "Сантијаго Бернабеу". Минути пред официјалното објавување на трансферот менаџерот на Спарс Андре Вилаш-Боаш призна дека играчот преминува во Реал Мадрид. "Немавме никаква намера да го продаваме Бејл, бидејќи беше дел од нашиот иден проект. Но голема  беше желбата на Реал Мадрид, толку голема беше и желбата на Гарет Бејл да премине во Реал и решивме, дека оваа сезона нема да приоднесува доволно за Тотнем". Самиот фудбалер веднаш излезе со официјално соопштение објавено на сајтот на Тотнем. "Тотнем секогаш ќебидево моето срце и јас сум сигурен дека оваа сезона ќе биде успешна за тимот. Сега со нетрпение го чекам следната предизвик во мојот живот - да играм фудбал за Реал Мадрид " ,  изјави Бејл.



No comments:

Post a Comment