- Стоук Сити го зема Марко Арнаутович
Менаџерот на Стоук Сити, Марк Хјуз го направи еден од првите трансфери во Премиер лигата, во последниот ден од летниот трансфер прозорец.
"Грнчарот" го зедоа австрискиот репрезентативец Марко Арнаутович од Вердер Бремен.
Според информациите, од англискиот клуб се платени 2 милиони фунти на германскиот тим за 24-годишниот напаѓач.
Арнаутович ставил потпис на четиригодишен договор со Стоук Сити.
"Стоук Сити е задоволен што го објави трансферот на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутович од Вердер Бремен", напиша англискиот клуб на својата официјалната страница на Facebook.

No comments:
Post a Comment