CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 2 September 2013

ОФИЦИЈАЛНО: ДЕМИКЕЛИС Е ИГРАЧ НА СИТИ.

-  Манчестер Сити го зема Демикелис

Вицешампионот Манчестер Сити официјално го објави во својот сајт трансферот на дефанзивецот Мартин Демикелис.
Дефанзивецот доаѓа од Атлетико Мадрид, каде што премина со слободен трансфер, но не настапи на ниту едена средба. Договорот за Атлетико е одлична, бидејќи се смета дека тие ќе добијат 5 милиони евра за него.
Договорот на 32-годишниот фудбалер е за 2 години, тој ќе игра со дрес со № 26. Ова е трет пат, во кој тој ќе работи со Мануел Пелегрини, откако претходно двајцата беа заедно во Ривер Плата и Малага.
"Среќен сум, што доаѓам во Манчестер Сити, бидејќи имам амбиција да постигнам уште успеси и да продолжам да напредувам. Во Европа сум 11 години, и тоа беше голема шанса за мене да играм во Премиер лигата, кој не можев да ја пропуштам".
"По промена секогаш е потребно време за адаптација, но сигурен сум дека нема да имам проблеми во овој поглед и ќе се навикнам брзо, бидејќи одамна играм во Европа. Сакам да се оддолжам за укажаната доверба и немам трпение да започнам да играм", кажа Демикелис пред официјалната страница на Сити.

No comments:

Post a Comment