CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Thursday, 5 September 2013

РОЏЕРС СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА СТЕРЛИНГ

-  Роџерс со суперлативи за Стерлинг

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс се искажа ласкаво на адреса на Рахим Стерлинг.
"Рахим е еден остар фудбалер. Тој постигна добар гол против Нотс Каунти минатата недела за нас. Стерлинг работи напорно, по повредата која ја заработи во бутот и поради неа го пропушти крајот на минатата сезона. Сега сепак, ужива  во добриот почеток на новата сезона ".
"Рахим е еден млад фудбалер, кој во изминатите шест месеци беше еден од најистакнатите во Премиер лигата. Покажа дека има место во тимот и ги има потребните квалитети. Сега треба да докаже дека, кога ќе добие можност, може да ја искорист. Ако го стори тоа, пред него има голема иднина".

ВАН ПЕРСИ ГИ ДЕМАНТИРАШЕ ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО МОЈС.

-  Ван Перси демантираше дека има проблем со Мојс

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси ги демантираше неодамнешните информации дека не му се допаѓа начинот, на кој работи новиот менаџер Дејвид Мојс.
"Одлично е да се работи со Дејвид Мојс. Тој има свој стил и методи, кои ми се допаѓа. Работиме напорно уште кога ја почнавме нашата турнеја во Азија и Австралија. Сигурно е, дека тоа ќе донесе добри резултати. Во тимот има една пријатна атмосфера ".
"Задоволен сум од менаџерот. Тој има свои начини за спроведување на тренинзите. не подготвува многу добро за претстојните наши ривали. Ова не одржува во форма", коментира Перси.

ХАМАН: АРСЕНАЛ И СО ОЗИЛ НЕ Е ПРЕТЕНДЕНТ ЗА ТИТУЛАТА

-  Хаман: Озил не е гаранција дека Арсенал ќе биде претендент за титулата

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дитмар Хаман го пофали и поздрави новото засилување на Арсенал Месут Озил, но не е убеден дека со него "топчиите" ќе бидат сериозен претендент за титулата.
"Со брзиот и остар Тио Волкот, со фантастичниот Санти Касорла, со физиката на Жиру - Озил сигурно ќе создаде многу шанси за гол. Арсенал потпиша со топ играч, но тој не е гаранција дека тимот ќе стане сериозен кандидат за титулата. Не сум сигурен во силата на овој тим, за да биде шампион, но сигурно оди по вистинската насока. Арсенал поседува квалитетни фудбалери, но им требаат уште неколку слични трансферот. На сите им е јасно дека Озил е фантастичен играч и сум убеден дека ќе се развие уште повеќе. Има повеќе асистенции во последниве години, отколку било кој друг играч во Европа, а и може да постигнува голови од ништо. Нема многу фудбалерите од овој калибар. Давид Силва е со слична улога во Манчестер Сити ", вели Дитмар Хаман.

БОРИНИ: ТРАНСФЕРОТ ВО САНДЕРЕЛЕНД Е ПОЛЕЗЕН ЗА МОЈОТ НАПРЕДОК

-  Бориело: Хендерсон и Мињоле го одобрија трансферот во Сандерленд

Новото засилување на Сандерленд, Фабио Борини ги раскажа причините за неговиот трансфер од Ливерпул.
"Мило ми е, што ќе играм во Сандерленд, бидејќи треба да добијам време за игра. Тоа е полезно за мене, бидејќи тука имам можност да се докажам. Многу комуницирав со Џордан Хендерсон и Симон Мињоле, тие ми дадоа неколку совети и се зарадуваа, кога разбраа, дека јас ќе заминам на позајмица во Сандерленд ", изјави Борини.

ДИАБИ: САКАМ ДА ЗАКРЕПНАМ И ДА ПРИДОНЕСАМ ЗА ИГРАТА НА АРСЕНАЛ.

-  Диаби: Сакам да се рехабилитирам и да бидам корисен за тимот

Фудбалерот на Арсенал, Абу Диаби раскажа за своето закрепнување по повредата на лигаментите на колено.
"Уверен сум во себе, затоа што знам на што сум способен. Кога ќе закрепнам, јас повторно ќе играм на високо ниво. Никогаш не заборавам за тоа и секој ден работам, за да се вратам на претходното ниво".
"Повредата минатата сезона ми донесе големо разочарување, бидејќи многу се подготвував и се надевав дека ќе одиграм една цела сезона. Но двете повреди ставија крај на овие очекувања. Сега работам напорно за да се справам со проблемот. Сакам побрзо да закрепнам и да бидам корисен за тимот",  изјави Диаби.

ЕВЕРТОН ЌЕ МУ ПРЕДЛОЖИ НОВ ПОДОБАР ДОГОВОР НА БЕЈНС

-  Евертон ќе му предложи нов договор на Бејнс

Евертон се подготвува да му предложи нов договор на дефанзивецот Лејтон Бејнс, тврди англискиот печат. Според информациите, раководството на Евертон има намера преговорите и склучувањето на новиот договор да биде пред зимскиот трансфер прозорец. Евертон ќе му предложи на англичанецот освен подолг договор, и зголемување на платата, која во моментов е 50 000 фунти неделно.
По се изгледа, "карамелите" ќе се обидат да го задржат еден од лидерите во тимот, кој во текот на летото беше баран од Манчестер Јунајтед. Се очекува дека шампионите повторно ќе обнови својот интерес кон Бејнс, особено по неуспешните договор за привлекување на Фабио Коентрао.
"Кога прозорецот беше отворен, мислам дека тоа беше несоодветно време да се зборува за овие работи, и за тоа немаше дискутсија. Но сега прозорецот е затворен и ќе ги разгледаме договорите на сите фудбалери. Ќе дојдеше до нестабилност во клубот, ако го сторевме тоа пред втор Септември", коментира тренерор на Евертон.

КОМОЛИ: НА ЈУНАЈТЕД МУ Е ПОТРЕБЕН СПОРТСКИ ДИРЕКТОР.

-  Комоли: Јунајтед има потреба од спортски директор

Поранешниот спортски директор на Ливерпул и Тотнем, Дамиен Комоли ги сподели своите ставови во врска со трансферната политика на Манчестер Јунајтед ова лето.
"За да биде олесната работата на Мојс и Вудвард, Манчестер Јунајтед мораше да ангажира спортски директор. Дејвид му се приклучи на тимот многу доцна - дури на 1 Јули. Проблемот е во тоа, што двајцата најважни луѓе во клубот - Сер Алекс и Дејвид Гил - ги напуштија своите функции, а за нивните наследници тоа беше првиот трансфер период. Поради овие и други причини Јунајтед се покажа неподготвена за оваа ситуација, а може да не претпоставувале дека работите се толку комплицирани. Како резултат на тоа, таму се појавија тешкотии ", изјави Комоли.

ЛУИС: ЈА ОДБИВ БАРСА ПОРАДИ ЧЕЛСИ

-  Давид Луис одбил да премине во Барселона

Дефанзивецот на Челси, Давид Луис потврди дека Барселона се интересирал за неговите услуги, но тој одлучил да остане во таборот на "сините".
"Барселона го испрати Дани Алвеш и Нејмар да ме убедат, но јас бев многу јасен со нив - сакав да останам во Челси. Дали Челси ме спречи да заминам? Барселона направи формален предлог - тоа е потврдено - но јас посакав да останам. Тоа беше мое решение ", изјави Луис.

МУРИЊО ГИ КАЖА ПРИЧИНИТЕ ЗА ТРАНСФЕРИТЕ НА ЕТО И ВИЛИАН.

-  Мурињо кажа зошто ги донесе Ето и Вилиан

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо ги кажа аргументите поради кои ги зеде Самуел Ето и Вилиан од Анжи .
"Ето е доволно искусен напаѓач и најважното - победник. Тој е човек кој иако осволи се, не го изгубил стемежот за победи. Самуел доаѓа во Англија со иста цел, со која јас заминав од Шпанија - тој сака да е првиот играч со титули во Примера, Серија "А" и Премиер лигата. Тој отсекогаш сакал да игра во англиското првенство и затоа е мотивиран. Ето е различен од Фернандо Торес, кој е различен од Демба Ба, кој пак е различен од Ето. Така имаме тројца напаѓачи со различни квалитети. Да се надеваме работите да тргнат добро" , рече Мурињо .
Потоа тој продолжи со карактеристиките за Вилиан. 
"Тој е кретивен фудбалер, но ќе му треба повеќе време за да се ги покаже своите квалитети. Брз е, динамичен и може да дејствува на секоја од трите позиции зад напаѓачот. Вилиан е момче кое многу сакаше да игра за Челси. Тој помина долги години во Украина и Русија и еве сега добива шанса да се докаже во големо првенство " , коментира Мурињо.

ФУЛАМ ГО ПРОДАДЕ ФРАЈ НА БЕШИКТАШ.

-  Бешикташ зеде играч на Фулам

Турскиот гигант Бешикташ ќе донесе квалитетно засилување во лицето на фудбалерот на Фулам, Керим Фрај. "Црните орли" и клубот на Фулам веќе се договориле за трансфер сумата. Според медиумите во Турција, Бешикташ ќе плати 3 милиони евра за 19-годишниот фудбалер. "Преговорите траеја долго, но сега можам да потврдам дека разликите беа надмнати и Фрај ќе премине во Бешикташ", рече претседателот на истанбулскиот клуб Фикрет Орман. Договорот на Австриецот ќе биде за 4 години.

РУНИ ЈА СООПШТИ ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈ НЕМА ДА НАСТАПИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

-  Руни им одговори на критичарите 

Вејн Руни објавува ужасна слика на повредата глава, за да ги запре неодамнешните гласини во медиумскиот простор, дека го бојкотира националниот тим на Англија пред решителните квалификации за Светското првенсвто. Тој ја покажа длабоката рана на својот официјален профил на Фејсбук. 
"Некои луѓе се сомневаат во мојата одговорност кон англиската репрезентација, откако го откажав учество за следните два натпревари. Јас имам огромна желба да им помогнеме на момчињата и сум сигурен дека од оваа слика луѓето ќе ја разберат причината поради која не можам да играм" , напиша Руни.

ВАН ПЕРСИ НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД МОЈС.

-  Ван Перси  незадоволен поради Мојс.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси не е среќен во клубот по заминувањето на Алекс Фергусон минатата пролет и уште не е убеден во квалитетите на новиот менаџер Дејвид Мојс, пишува "Дејли Стар".
Ван Перси имаше лош однос, кој се манивестираше преку неговиот духот во поразот од Ливерпул.
"Робин не е среќен, а кога тоа е така, тој не може да го скрие тоа на теренот. Кога е разочаран, тој е способен да направи нешто глупаво и тоа беше очигледно против Ливерпул."
"Тој чувствува дека со новиот менаџер работите не се исти. Му недостасуваат Ферги, за кој тој многу сакаше да игра. Некои од  методите за тренинг на Мојс воопшто не му се допаѓа", тврди негов пријател пред Дејли Стар.
Ван Перси беше топ голгетер на Премиер лигата во последните две сезони.

АГЕНТОТО НА ЕРЕРА ГО ОБВИНИ МОЈС ЗА ПРОПАДНАТИОТ ТРАНСФЕР, А САМИОТ ИГРАЧ НЕГИРА РАЗГОВОРИ СО ЈУНАЈТЕД

-  Агент го обвини Мојс за пропаднатиот трансфер на Ерера

Еден од агентите на полудефанзивецот на Атлетик Билбао, Андерс Ерера го обвини менаџерот Дејвид Мојс за пропаднатиот трансфер на неговиот клиент.
"Откако Сер Алекс Фергусон веќе не е во Манчестер Јунајтед, клубот  ги намали вештини при преговорите. Дејвид Мојс може да е добар менаџер , но во овој случај тој е виновен за пропаднатиот трансфер на Ерера " , вели агентот на полудефанзивецот .
Фудбалерот на Атлетик, Андерс Ерера изјави дека не водел никакви преговори со Манчестер Јунајтед, и не давал согласност за трансфер во шампионот на Премиер лигата на Англија.
"Не сум имал никаков договор со Јунајтед. Горд сум што тие упатија понуда и се гордеам, што Атлетик изрази желба да ме задржи. Не верувам дека Јунајтед ме искористил - тие упатија официјален предлог, а Атлетик одби да започне преговори. Јас го ценам тоа".
"Драго ми е, што еден од најдобрите клубови во светот упати предлог за мене. Адвокатите кои се наоѓале во канцеларијата на Примера, немале никаков контакт со мене. Не знам кои се тие . Не дискутирам хипотетички работи. Само кажувам како се одвивале работите. Не сум контактирал со Јунајтед . Тие и онака требаше да платат 36 милиони евра и поради тоа мораше повеќе да зборуваат за мене отколку за Атлетик . Но јас никогаш не сум замислував дека ќе играм на друго место", ги цитира Goal.com . зборовите на Херера.


18+, РУНИ ИЗГЛЕДА КАКО ДА Е ИЗЛЕЗЕН ХОРОР ФИЛМ.

-  Веќе го споредуваат Руни со Хари Потер

Откако долги години беше споредувана со Шрек напаѓачот на Англија, Вејн Руни веќе е споредуван со Хари Потер заради лузната на челото. 
"Типичен Хари Потер, само стап му недостасува", mu se потсмеваат во Англија. Клубскиот колега во националниот тим Тио Волкот пак го сожали. "Не е пријатно. Како да е излезен од хорор филм е", изјави Волкот. Руни доби повредата на тренингот на Манчестер Јунајтед и поради неа ќе ги пропушти квалификациите за Светското првенство со Молдавија и Украина.

БОБИ ЧАРЛТОН: НЕМАВ ПОВРЕДИ ЗАТО ШТО БЕВ МАЛКУ МРЗЛИВ.

-  Чарлтон: Немав ниту една повреда, бидејќи бев малку мрзлив

Легендата на Манчестер Јунајтед, и на англискиот и светскиот фудбал Боби Чарлтон изјави дека во текот на целата кариера бил малку мрзлив, но токму тоа е неговото тајно оружје. Чарлтон стана светски шампион со Англија во 1966 година, а во 1968 година го освои Купот на Шампионите со Манчестер Јунајтед, за кого има 758 натпревари и постигнато рекордните за клубот 249 гола. Сер Боби беше награден за севкупниот придонес од списание GQ, а на церемонијата направи биланс на својата кариера: 
"Имав среќа. Поминав речиси 50 години во фудбалот, а во 21-годишната кариера не заработив ниту една повреда и тоа беше бидејќи бев малку мрзлив". Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец Рио Фердинанд, кој му ја додели наградата на Боби Чарлтон, изјави "дека Сер Боби е еден од најголемите спортисти, кои се родиле во оваа земја".