- Чарлтон: Немав ниту една повреда, бидејќи бев малку мрзлив
Легендата на Манчестер Јунајтед, и на англискиот и светскиот фудбал Боби Чарлтон изјави дека во текот на целата кариера бил малку мрзлив, но токму тоа е неговото тајно оружје. Чарлтон стана светски шампион со Англија во 1966 година, а во 1968 година го освои Купот на Шампионите со Манчестер Јунајтед, за кого има 758 натпревари и постигнато рекордните за клубот 249 гола. Сер Боби беше награден за севкупниот придонес од списание GQ, а на церемонијата направи биланс на својата кариера:
"Имав среќа. Поминав речиси 50 години во фудбалот, а во 21-годишната кариера не заработив ниту една повреда и тоа беше бидејќи бев малку мрзлив". Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец Рио Фердинанд, кој му ја додели наградата на Боби Чарлтон, изјави "дека Сер Боби е еден од најголемите спортисти, кои се родиле во оваа земја".

No comments:
Post a Comment