- Мурињо кажа зошто ги донесе Ето и Вилиан
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо ги кажа аргументите поради кои ги зеде Самуел Ето и Вилиан од Анжи .
"Ето е доволно искусен напаѓач и најважното - победник. Тој е човек кој иако осволи се, не го изгубил стемежот за победи. Самуел доаѓа во Англија со иста цел, со која јас заминав од Шпанија - тој сака да е првиот играч со титули во Примера, Серија "А" и Премиер лигата. Тој отсекогаш сакал да игра во англиското првенство и затоа е мотивиран. Ето е различен од Фернандо Торес, кој е различен од Демба Ба, кој пак е различен од Ето. Така имаме тројца напаѓачи со различни квалитети. Да се надеваме работите да тргнат добро" , рече Мурињо .
Потоа тој продолжи со карактеристиките за Вилиан.
"Тој е кретивен фудбалер, но ќе му треба повеќе време за да се ги покаже своите квалитети. Брз е, динамичен и може да дејствува на секоја од трите позиции зад напаѓачот. Вилиан е момче кое многу сакаше да игра за Челси. Тој помина долги години во Украина и Русија и еве сега добива шанса да се докаже во големо првенство " , коментира Мурињо.

No comments:
Post a Comment