- Роџерс со суперлативи за Стерлинг
Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс се искажа ласкаво на адреса на Рахим Стерлинг.
"Рахим е еден остар фудбалер. Тој постигна добар гол против Нотс Каунти минатата недела за нас. Стерлинг работи напорно, по повредата која ја заработи во бутот и поради неа го пропушти крајот на минатата сезона. Сега сепак, ужива во добриот почеток на новата сезона ".
"Рахим е еден млад фудбалер, кој во изминатите шест месеци беше еден од најистакнатите во Премиер лигата. Покажа дека има место во тимот и ги има потребните квалитети. Сега треба да докаже дека, кога ќе добие можност, може да ја искорист. Ако го стори тоа, пред него има голема иднина".
No comments:
Post a Comment