- Бешикташ зеде играч на Фулам
Турскиот гигант Бешикташ ќе донесе квалитетно засилување во лицето на фудбалерот на Фулам, Керим Фрај. "Црните орли" и клубот на Фулам веќе се договориле за трансфер сумата. Според медиумите во Турција, Бешикташ ќе плати 3 милиони евра за 19-годишниот фудбалер. "Преговорите траеја долго, но сега можам да потврдам дека разликите беа надмнати и Фрај ќе премине во Бешикташ", рече претседателот на истанбулскиот клуб Фикрет Орман. Договорот на Австриецот ќе биде за 4 години.

No comments:
Post a Comment