- Мојс: Потенцијалот на Јанузај е колку на Руни
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс остана задоволен од средбата со Сандерленд во рамките на седмото коло во Премиер лигата.
"Мислам, дека одигравме добро, со исклучок на првите десет минути. Многу сум задоволен дека победивме. Јанузај е одличен фудбалер. Во последните недели се потрудивме да направи сè, за да може тој да игра во почетниот состав, но поради различни причини ова не се случи. Тој навистина е добар играч, универзален и многу талентиран . Според мене, по својот потенцијал тој не отстапува од Баркли и Руни", изјави Мојс .
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс изјави, дека добрата игра на голманот Давид Де Геа му помогнала на тимот да го победи тимот на Сандерленд.
"Тој направи неверојатна одбрана. Игравме многу добро, но противникот поведе во резултатот, а Де Геа не им дозволи да ја зголемат предноста. Давид игра неверојатно. Тоа, што не прими втор гол во првото полувреме му овозможи на тимот да земе здив на паузата", изјави Мојс.