Sunday, 6 October 2013

ДОУСОН ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО ТОТНЕМ

-  Доусон потпиша нов договор со Тотнем

Капитенот на Тотнем, Мајкл Доусон потпиша нов тригодишен договор со клубот. Пред една година, кога Андре Вилаш-Боаш започна работа во Тотнем, перспективите пред Досон на "Вајт Харт Лејн" воопшто не беа добри. Новиот менаџер зборуваше дека Мајкл не одговара на стилот, на кој тој сака да игра одбрана.
Доусон сепак на неколку пати го спасуваше тимот од тешки ситуации и постепено ја освои довербата на својот тренер. Сега клубот одлучи да го наградат својот централен дефанзивец со нов договор.
Во времето 29 годишниот фудбалер е ветеран во Тотнем тој игра за "Спарс" од 2005 година по своето пристигнување од Нотингем Форест. Зад плеќите на Мајкл има 293 натпревари во дресот на лондончани и 10 постигнат погодоци.

No comments:

Post a Comment