Sunday, 6 October 2013

ЛУКАКУ: МОЕ Е РЕШЕНИЕТО ДА ЗАМИНАМ НА ПОЗАЈМИЦА ВО ЕВЕРТОН.

-  Лукаку: Нема да го критикувам Мурињо што ми дозволи да заминам

Напаѓачот на Евертон, Ромелу Лукаку, чии права му припаѓаат на Челси, раскажа за своето напуштање на лондонскиот клуб.
"Пред почетокот на сезоната не знаев дали ќе играм во Челси, поради тоа се сретнав со Жозе Мурињо. Разговаравме и јас побарав да бидам даден на позајмица на друг тим. Не сакам да го критикувам Жозе за тоа што ми дозволи да го напушти Челси, бидејќи одлуката е целосно моја. Тој знае што прави, на сметката има многу титули и јас го почитувам премногу. Но, во овој момент требаше да мислам само за себе, за тоа како да ги покажам своите способности и да станам еден од најдобрите напаѓачи на Лигата. Можев да останам во Челси и да се борам за место во составот, но кога си само на 20 години, треба да играш. Го изгубив местото во националниот тим на Белгија бидејќи не играв во Челси. Мурињо ме повика во канцеларија десет дена пред крајот на трансфер прозорецот. Тој не знаеше за моите намери, но јас бев многу отворен и директен. Одсекогаш сум сакал да работам со Жозе, дури и за време на подготовките за новата сезона научив многу работи од него, но мораше да го направи својот избор", изјави Лукаку.


No comments:

Post a Comment