- Мартинез: Судијата уби еден многу квалитетен натпревар
Менаџерот на Евертон, Роберто Мартинез остана незадоволен од судењето на натпреварот против Манчестер Сити
"Судијата воопшто не го контролираше натпреварот како што треба. Не може тоа да е пенал. Ова беше емоционално решение, но тоа го уби овој толку квалитетно натпревар. Во ситуацијата има контакт, но тој не беше доволен за да се сруши играчот на противникот и да биде досуден пенал. Во исто време, во првиот дел Настасич изтурка Лукаку, но тогаш не беше досуден пенал. При вториот гол на Сити пак имаше инцидент меѓу Колман и Негредо и тројца играчи беа престанаа да играат, но судијата не реагираше. Затоа сум разочаран. Инаку почнавме силно и успеавме да постигнеме први гол. Потоа, требаше 5-10 минути да ја задржиме предноста, но не успеавме. Сепак натпреварот беше прилично отворен и интересен пред судијата да го расипе", изјави Мартинез .
Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини остана задоволен од успехот со 3:1 против Евертон.
"Не ни беше воопшто лесно да се соочиме против тим, кој досега беше непоразен од почетокот на сезоната. Први примивме гол, но важно е што брзо реагиравме. Имавме 4-5 добри можности. Најважно е, тоа што покажавме карактер и освоивме важни три поени", изјави Пелегрини.

No comments:
Post a Comment