- Сања: Арсенал има сили да стане шампион
Дефанзивецот на Арсенал, Бакар Сања изјави дека "топџиите" се во состојба да се borat за шампионската титула во Премиер лигата.
"Ние навистина бевме многу разочарани, бидејќи е непријатно да го изгубите првиот натпревар од сезоната, особено дома. Подготовките во текот на летото беа многу успешни, а потоа поразот од Вила не погоди многу. Сепак сите бевме убедени дека не треба да се опушта, треба да продолжиме да работиме, ако сакаме да победиме во следниот натпревар. Токму тоа се случи. Во моментов сме многу уверени во себе. Имаме амбициозен тим и знаеме, дека најдобриот пат кон титулата е едноставно да победуваме во секој нареден натпревар. Претпоставувам, дека имаме сили да го направиме, но многу е важно да не губиме концентрација до самиот крај и да продолжиме упорно да работиме", изјави Сања.












