- Мартинез: Лукаку ќе се врати во Челси на крајот на сезоната
Тренерот на Евертон, Роберто Мартинез ги смири навивачите на тимот, дека Челси нема право предвреме да го врати својот напаѓач Ромелу Лукаку, кој во моментов игра на позајмица кај "карамелите".
Во исто време со голо око се гледа дека Челси во моментов се соочува со сериозни проблеми во нападот. Фернандо Торес е со непостојана форма, Демба Ба се наоѓа во многу лоша форма, а руското првенство очигледно го дало својот белег врз играта на Самуел Ето.
Жозе Мурињо сепак нема како да го врати Лукаку.
"Договорот е за цела сезона. Ова се однесува и до Гарет Бари. Ќе се нервирам во моментов, ако работите небеа така. Ромелу е млад човек кој поседува прекрасни квалитети на напаѓач. Понекогаш ги гледаме во "број девет" квалитетите на моќен и физички надарен играч, но Ромелу е надарен и со техника. До крајот на сезоната тој ќе игра за нас ", изјави Мартинез.

No comments:
Post a Comment