Tuesday, 1 October 2013

АГУЕРО И СИЛВА ПОДГОТВЕНИ ЗА БАЕРН

-  Агуеро и Силва подготвени за големиот тест против Баерн

Двајца од клучните играчи на Манчестер Сити, Серхио Агуеро и Давид Силва, се вратија по повредите и се подготвени да учествуваат во утрешниот дуел од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен. Шпанскиот плејмејкер заработи повреда во колкот уште минатиот месец, за време на подготовките на "Ла Рохан", додека Кун почувствува болка по дербито со Манчестер Јунајтед и доби одмор за дуелот со Астон Вила во текот на викендот. Денес двајцата тренираа заедно со своите соиграчи и ќе биде на располагање на менаџерот Мануел Пелегрини за утрешниот дуел на "Етихад".


No comments:

Post a Comment