Tuesday, 1 October 2013

ГИГС СО РЕКОРД ВО ЛШ

-  Гигс го подобрува рекорд на Раул во Лигата на Шампионите


Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс ќе го подобри рекордот по број натпревари во Лигата на Шампионите, ако игра утре против Шахтјор Донецк во второто коло на групната фаза на ЛШ. Ветеранот, кој ќе наполни 40 години следниот месец, ќе го одигра натпреварот број 145 во ЛШ, ако се појави на теренот, ќе го престигне во рангирањето поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул.
"Не знаев за овој рекорд. Лигата на Шампионите е одличено натпреварување и имав среќа да ја освојам два пати и да одиграм многу незаборавни натпревари. Ако го поминам Раул, ќе е голема чест за мене", рече Гигс за клупскиот сајт на Јунајтед.

No comments:

Post a Comment