- Јунајтед ги донесе Фелаини и Коентрао во последен момент
Манчестер Јунајтед сепак направи трансфери овој преоден рок. Токму во последен момент "црвените ѓаволи" го финализираа трансферот на фудбалерот на Евертон, Маруан Фелаини.
Тоа се реализира, откако белгиецот поднесе официјална молба за трансфер. Јунајтед ќе плати за Фелаини 27.5 милиони фунти. Тоа е со 5,5 милиони повеќе отколку клаузулата за раскинување на договорот на фудбалерот, кој истече на 31 јули.
Истовремено Дејвид Мојс, успеа да најде замена на Бејнс. Тоа е дефанзивецот на Реал Мадрид, Фабио Коентрао. Португалецот доаѓа на "Олд Трафорд" на позајмица за една сезона.
И двата трансфера на Фелаини и Коентрао сепак треба да бидат потврдени од Премиер Лига, бидејќи се случија во последените момент.















