- Фабио Борини ќе игра на позајмица во Сандерленд
Напаѓачот на Ливерпул, Фабио Борини ќе игра во Сандерленд како позајмен играч во оваа сезона.
Италијанецот ги помина лекарските прегледи и ќе потпише договор со Сандереленд.
22-годишниот напаѓач беше донесе на "Енфилд" минатото лето, "црвените" платија 10,5 милиони фунти на Рома.
Борини имаше сезона, полна со бројни повреди, кои му попречија да се наметне во Ливерпул. Тој успеа да постигне само два гола во 20 натпревари во сезоната 2012/2013.
Новото засилување на Сандерленд ќе се надева да добие повеќе шанси за докажување на "Стејдиам оф лајт".

No comments:
Post a Comment