CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 2 September 2013

ОФИЦИЈАЛНО: ОЗИЛ Е ИГРАЧ НА АРСЕНАЛ.

-  Арсенал го објави трансферот на Озил.

Раководството на Арсенал конечно го потврди трансферот на полудефанзивецот од Реал Мадрид, Месут Озил. Менаџерот на "топџиите " Арсен Венгер скрши неколку рекордот за да ги обезбеди услугите на германскиот репрезентативец. Со платени за 24 -годишниот фудбалер, 42 милиони фунти, Венгер ја плаќа најголема сума во историјата на Арсенал, како и најголемата трансфер цена за влезен трансфер во Англија ова лето. Веста беше соопштена на официјалниот сајт на Арсенал , каде се истакнува дека договорот на Озил со лондонскиот клуб е " долгрочен", а договорот - "рекорден".
Арсен Венгер проговори пред официјалниот сајт на Арсенал :
"Особено сме задоволни да го објавиме потписот на Месут Озил. Тој е одличен играч, со докажани квалитети на клубско и национално ниво . Ние веќе подолго време го гледаме и го следиме, и тој ги има сите квалитети кои ги бараме од играчи од Арсенал . "
"Цело лето велам дека работиме напорно за да доведете квалитетни играчи во клубот. Тоа е работа на многу луѓе во клубот и навивачите не поддржаа да го направиме ова решение. Месут е квалитетен играч. Тој ќе биде фантастично засилување за нашиот талентиран состав. Го очекуваме го во Арсенал по натпреварите со Германија".

No comments:

Post a Comment