CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 2 September 2013

ЛИВЕРПУЛ ГО ПРОДАДЕ ПАЧЕКО ВО ШПАНИЈА.

-  Напаѓач на Ливерпул конечно го напушти клубот

Напаѓачот на Ливерпул, Дани Пачеко си замина од "Енфилд" за постојано, откако беше продаден на шпанскиот тим Алкоркон, со кој потпиша договор за една година. Ливерпул нема да бара трансферна сума за услугите на 22-годишниот напаѓач, кој од неколку години го праќаше на позајмица во различни тимови во неговата татковина. 
"Сакам да му се заблагодарам од срце на Ливерпул за шесте прекрасни години, кои овој клуб ми ги даде. Засекогаш ќе останам "црвен", Ливерпул беше мојот дом и ќе го оставам многу пријатели овде", напиша Пачеко на својот профил на "Твитер".

No comments:

Post a Comment