CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 5 August 2013

И СОПСТВЕНИКОТ НА ТОТНЕМ, ВМЕШАН ВО ТРАНСФЕРОТ НА БЕЈЛ.

-  Флорентино на средба со сопственикот на Тотнем

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез имал тајна средба со сопственикот на Тотнем Џо Луис, велат последните гласини.
Двајцата се виделе во Соединетите Американски Држави, каде што шпанскиот тим е на турнеја, а главна тема на разговорот  бил трансферот на Гaрет Бејл во Реал Мадрид.
Шефот на Кралскиот клуб е решил да се обрати на еден од најбогатите луѓе во светот и со него да го договоти преминувањето на велшанецот на "Сантијаго Бернабеу", откако разговорите со Даниел Леви не даваат резултат. Намерата на Перес е Бејл  да биде донесе во Мадрид, но тој не се согласува да плати 120 милиони евра за него. 
Разговарано е и за начинот на плаќање, кој ќе биде на неколку рати, иако засега се тврди дека се уште не е постигнат договор.
76-годишниот Луис го има оставено раководењето на клубот во рацете на Леви, но сега може да се помогне за трансферот. Тој ги купи лондончани од Алан Шугар во 2001-та година, а неговата состојба се проценува на над 4 милијарди долари, што го става на 208-то место меѓу најбогатите луѓе во светот според рангирањето на "Форбс".

ЈУНАЈТЕД ГО ОДБИ ЧЕЛСИ ЗА РУНИ.

-  Јунајтед повторно го одби Челси за Руни

Втора подобра понуда на Челси за Вејн Руни во износ од 30 милиони фунти беше отфрлена од Манчестер Јунајтед, јавуваат англиските медиуми.
Првичниот предлог на лондончани од 20 милиони фунти на крајот на минатиот месец беше веднаш одбиен од менаџерот на "црвените ѓаволи" Дејвид Мојс, кој тврди дека Руни ќе остане во клубот.
Изгледа дека неговиот колега во Челси, Жозе Мурињо е решен да го купи напаѓачот, а и навивачите на Јунајтед ќе имаат свое мислење за ова прашање. Ако го пречекан враќањето на фудбалерот жестоко, тешко дека тој ќе сака да остане во клубот.
Руни сеуште нема направено формално барање за трансфер, но до крајот на трансфер прозорецот има цел месец.
Според локалните медиуми, тој е нервозен од статусот на резерва на Робин ван Перси.

РИО ФЕРДИНАНД ПОСАКУВА ЕДЕН ДЕН ДА БИДЕ ТРЕНЕР.

-  Рио: Сакам да сум тренер

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд ги објави плановите за иднината. Дефанзивецот е убеден дека сака да биде тренер и е 100% сигурен дека тоа ќе биде нешто со кое ќе се занимава.
"Пред неколку години се запишан на курс, но се повредив и не можев да одам. Оваа година повторно ќе се запишам. Ќе будам подготвен за тренер, кога ќе завршам со активно играње фудбал. Сакам да дадам барем малку на другите од она што сум зел од фудбалот ", изјави Фердинанд.


МУРИЊО СО РЕСПЕКТ КОН МИЛАН.

-  Мурињо: Игравме против многу искусен тим

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо ги сподели своите ставови за натпреварот од International Champions Cup со Милан.
"Ова беше многу тежок натпревар, Милан е многу искусен тим. Погледнете го само средниот ред - Монтоливо, Мунтари и Боатенг. Сите тие знаат како се игра фудбал. Масимилиано Алегри одамна го раководи тимот, и тоа е тактички многу зрели тим кој умее и добро да се брани.
Денес ние игравме по шема 4-2-3-1, имавме само двајца полудефанзивеци - Ван Гинкел и Есиен, а ја завршивме средбата со Оби и Рамирес. Имаме многу креативни играчи кои го поддржуваат напаѓачот. Азар, Шурле, Моузес, Де Брујн - изборот на квалитетни играчи е многу голем.
Понекогаш напаѓачите прават многу, но не можат да постигнат гол. Торес игра силно, а имаше само пет дена тренинг поради учеството во Купот на Конфедерации. Уште не е целосно подготвен, но неговиот однос кон работата импресионира. Должен сум да им се заблагодарам на сите мои напаѓачи, сите тие играат за тимот ", изјави Мурињо.

ВЕНГЕР ПЛАЧЕ, БИЛЕ ИЗМОРЕНИ. КАКО ЌЕ ОСВОИТЕ ТИТУЛИ АКО ВАКА СЕ ИЗМОРУВАТЕ???

-  Венгер: Тимот се измори

Менаџерот на Арсенал Асрен Венгер ги сподели своите ставови за играта на тимот во натпреварот против Галатасарај од мини-турнирот Emirates Cup.
"Имавме две сосема различни полувремиња. Во првиот дел игравме многу добро и ja контролиравме ситуацијата. Но на нас, не ни стигнаа сили да го одржиме темпото во второто полувреме, тимот се измори. Не успеавме да ја задржиме топката под контрола и бевме казнети. Но, тоа е добра подготовка за тимот.
Задоволен сум од играта на Саного. Знаејќи дека тој се приклучи неодамна кон тимот и тренира само три или четири дена, што ми влева надеж.
Дрогба играше многу добро во времето кое играше. Тој не ги изгубил своите способности - ја задржал физичка сила, способност да игра паметно и да ги реализира своите шанси.
Но некако бевме изморени, особено Мертезакер кој играше два натпревари без да биде сменет, а само што дојдовме од Азија. Дрогба ја искористи ситуацијата. Искрено, пеналот беше многу контроверзен. Дрогба, како и секогаш е со репертоар ", изјави Венгер.

МАТА: ЧЕЛСИ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ТИТУЛАТА ОВАА СЕЗОНА.

-  Мата: Челси е подготвен да се бори за титулата

Полудефанзивецот на Челси, Хуан Мата се надева во престојната сезона да се бори за триумф во Премиер лигата на Англија.
"Мислам дека сите очекуваме да победиме во Премиер лигата. Ние имавме и се уште имаме многу добар тим и е пријатно да сфатиме дека имаме толку многу млади играчи и талентирани фудбалери кои се приклучуваат на оние кои веќе се сметаат за легенди . Тоа е извонреден спој и тоа значи дека сме подготвени да се бориме за титулата ", изјави Мата.

РОЏЕРС УПАТИ КРИТИКИ ДО АРСЕНАЛ.

-  Роџерс го критикува Арсенал заради Суарез

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс го обвини Арсенал дека "игра игри", обидувајќи се да го купи напаѓачот Луис Суарез.
Роџерс изјави дека не сака да го продаде 26-годишниот фудбалер, а исто така го обвини Арсенал во не сосема сериозно однесување.
"Сакам да кажам, секогаш сум го асоцијацирал Арсенал со клуб кој има класа, но во дадената ситуација тие почнаа една игра. Ние треба да се движиме напред и да си ја вршиме работата. Ќе дојде момент кога тие ќе ја разберат нашата позиција. Очигледно е дека интерес постои и тие го покажаа со два предлога кои не се наоѓаат во блиску до нашата проценка на играчот. Тоа е нивно право. во фудбалот постои пазар за сите играчи, но нашата порака е како порано: ние не сакаме да го продаваме ", вели Роџерс.

ЊУКАСЛ ГИ САКА БЕНТ И РЕМИ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ.

-  Њукасл преговара за двајца напаѓачи

Раководството на Њукасл се обидува да донесе во клубот двајца класни напаѓачи во овој преоден рок. Менаџерот Алан Пардју сака да ги обезбеди услугите на Лоик Реми од Квинс Парк Ренџерс и Дарен Бент од Астон Вила. Трансферот на првиот е речиси договорено, но за вториот ситуацијата е малку посложена. 
"Разговаравме со агентот на Дарен во текот на два-три часа и успеавме да постигнеме договор. Разговорите со Астон Вила исто така се во напредна фаза и очекувам наскоро да имаме договор", изјави по овој повод спортскиот директор на "страчки" Џо Киниер. Од Вила сепак имаат друго мислење по ова прашање, портпаролот на клубот изјави дека во моментов не се водат разговори за трансфер на Бент, единствено Фулам испратил понуда за него во вредност од 4 милиони фунти, која била одбиена.

АРСЕНАЛ ПОРАЗЕН ОД ГАЛАТАСАРАЈ НА EMIRATES CUP.

-  Дрогба повторно го порази Арсенал, Галатасарај го освои турнирот

Поранешниот голгетер на Челси, Дидие Дрогба го "расплака" "Емирати", откако со два гола на напаѓачот Галатасарај успеа да го победи Арсенал и да победи со 2:1, благодарение на што "лавовите" ја освоија и истоимениот трофеј. Тио Волкот даде предност на домаќините во 39-тата минута постигна погодок, но во вториот дел Дрогба израмни по контроверзниот пенал (78 ') и одлично победничкиот погодок (87'). Така Галатасарај го нанесе првиот пораз на Арсенал во предсезонските подготовки на тимот. Деби за Арсенал направи Јаја Саного, кој остави добри впечатоци со настапите пред домашната публика.
Така Галатасарај освои девет поени, благодарение на што заврши на прво место и го освои трофејот "Емирати куп". Втор е тимот на Порто со предност од шест поени, додека Арсенал и Наполи останаа со по четири поени.
Арсенал: Шчесни, Сања, Мертезакер, Дженкинсон, Гибс (68-Микел), Артета, Ремзи (82-Акпом), Волкот (82-Подолски), Касорла (61-Зелалем) Окслејд-Чембрлен, Саного (61-Жиру) 
Галатасарај: Муслера, Ебуе, Шеџу, Мело (65-Сараолу), Каја, Риера, Алтинтоп (46-Чолак) Бајтар (33-Гјулселам), Елмандер (46-Дрогба), Булут (46-Снајдер), Амрабат (88 -Нункеу).


ЈУНАЈТЕД СЕ ОТКАЖА ОД ФАБРЕГАС...

-  Манчестер Јунајтед се откажа од Фабрегас, потврдија од "Камп Ноу"

Раководството на Манчестер Јунајтед запира со напорите за привлекување на Цеск Фабрегас од Барселона. Ова го откри спортскиот директор на каталонскиот клуб Андони Зубисарета синоќа во Израел.
"Од Манчестер Јунајтед ни рекоа дека ја разбираат нашата желба да не го продаваме Цеск и дека се откажуваат од неговото привлекување", потврди шефот на "каталонците". Последната понуда која била отфрлена е во исина од 35 милиони евра. "Воодушевен сме од Цеск, не сакаме да го изгубиме", рече уште Зубисарета.


ЧЕЛСИ ГО ПОБЕДИ МИЛАН ВО САД.

-  Новите ѕвезди на Челси го победија Милан

Челси го победи Милан со 2:0 во Њујорк. Головите за "сините" од Лондон ги постигнаа повратникот од позајмица во Вердер (Бремен) Кевин де Брујн во 29-тата минута и новото засилување од Баер (Леверкузен) Андре Шурле во дополнителното време. Со успехот Челси се пласираше во финалето на турнирот "Интернешенел Чемпионс куп". Во спорот за првото место екипата на Жозе Мурињо ќе излезе против Реал Мадрид на 8 август. 
МИЛАН: Абиати; Емануелсон (69 ​​- Поли), Запата (69 - Констант) Силвестре (77 - Кристанте), Антонини (46 - Џакардо); Мунтари, Де Јонг (77 - Пасифико) Монтоливо (57 - Ночерино); Боатенг , Балотели (46 - Петања), Ел Шарави (77 - Нианг) 
Челзи: Чех (46 - Шварцер); Аспиликуета (46 - Тери), Ивановиќ, Кејхил, Бертранд (46 - Кол); Ван Гинкел (66 - Микел) Есиен (46 - Рамиреш); Де Брујн (46 - Моузес), Оскар (46 - Мата) Азар (69 - Шурле); Ба (46 - Торес, 86 - Лукаку).

ЖЕРВИЊО ПРЕМИНА ВО РОМА

-  Арсенал го даде Жервињо во Рома

Репрезентативецот на Брегот Слонова Коска, Жервињо веќе е во Италија, за да ги мине медицинските прегледи во Рома и да го финализира трансферот во составот на "волчицата" од Рим. Рома постигна договор со досегашниот клуб на Жервињо - Арсенал за трансферот, италијанците ќе платат на "топџиите" од Лондон 8 милиони евра плус бонуси поврзани со претставувањето на играчот на "Олимпико".
Во тимот на "волците" од Рим Жервињо ќе се соработува повторно со францускиот специјалист Руди Гарсија, со кого работеа заедно во Лил.



Sunday, 4 August 2013

ФЕРДИНАНД ПРОТИВ ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ФУДБАЛОТ.

-  Рио Фердинанд е против технологијата во фудбалот

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд го заштити вистинскиот фудбал. Според поранешниот англиски репрезентативец играта нема потреба од воведување на јастребово око, со кое ќе се гледа дали топката ја поминува гол линијата. Фердинанд наоѓа многу интересно објаснување на својата позиција.
" Промената е збор кој не ми се допаѓа кога станува збор за фудбал. Тоа е голем спорт, а постојано се обидуваат да прават промени. Зошто? Тој има големи традиции. Не се согласувам со технологијата за гол-линијата. Спорни моменти како овие придонесуваат за играта, бидејќи и по натпреварот луѓето во пабовите продолжуваат да зборуваат за нив" - коментира Фердинанд.

ОФИЦИЈАЛНО: ДЕМПСИ ПРЕМИНА ВО СИЕТАЛ САУНДЕРС.

-  Сиетл Саундерс го објави трансферот на Клинт Демпси

Сиетл Саундерс официјално објави дека потпишале со полудефанзивецот Клинт Демпси. Деталите на трансферот не се познати, но по некои податоци трансферот на 30-годишниот фудбалер го чини Сиетл 9 милиони долари, а самиот играч потпишал со американскиот клуб четиригодишен договор со плата од 4 милиони долари годишно.
"Се радувам на своето враќање во МЛС и сум задоволен од преминувањето во Сиетл. Неодамна играв во Сиетл за националниот тим и бев сведок на неверојатна атмосфера, а исто така и на страсната поддршка на навивачите. За мене е огромна чест да ги претставувам навивачите на Сиетл ", изјави Демпси.

САГАТА БЕЈЛ ВО РЕЖИЈА ОД ИНДИСКА СПУНИЦА ???

-  Тотнем ги прекине преговорите со Реал Мадрид за Бејл


Како што известуваат голем број британски изданија, Тотнем ги прекинал преговорите со Реал Мадрид за продажба на Гарет Бејл, додека не добие нова, подобра понуда од шпанскиот вицешампион.
Оваа вест пристигнува 12 часа по изјавата на менаџерот на Тотнем Андре Вилаш-Боаш дека Бејл не се продава, бидејќи играчот влегува во неговите планови за оформување на амбициозен тим за новата сезона.
Во моментот според некои извори Реал е подготвен да плати за Гарет 100 милиони евра, а други информации гласат дека станува збор за истата сума, но во британска валута. Така или онака Тотнем инсистира да добие повеќе пари за својата ѕвезда и само во таква ситуација ќе продолжи дијалогот помеѓу страните за продажба на Бејл.
Се очекува на 6 или 7 август Флорентино Перез да се сретне со Даниел Леви во Мајами. Се претпоставува дека тоа ќе биде последната средба во однос на Бејл. Ако на неа шпанците понудат поголема сума од досегашната, Тотнем може и да се согласи за договор. Спротивното би значело дека сагата со Гарет ќе заврши и играчот ќе има можност целосно да се фокусира на своето претставување во тимот на Вилаш-Боаш.