- Рио Фердинанд е против технологијата во фудбалот
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд го заштити вистинскиот фудбал. Според поранешниот англиски репрезентативец играта нема потреба од воведување на јастребово око, со кое ќе се гледа дали топката ја поминува гол линијата. Фердинанд наоѓа многу интересно објаснување на својата позиција.
" Промената е збор кој не ми се допаѓа кога станува збор за фудбал. Тоа е голем спорт, а постојано се обидуваат да прават промени. Зошто? Тој има големи традиции. Не се согласувам со технологијата за гол-линијата. Спорни моменти како овие придонесуваат за играта, бидејќи и по натпреварот луѓето во пабовите продолжуваат да зборуваат за нив" - коментира Фердинанд.

No comments:
Post a Comment