- Јунајтед повторно го одби Челси за Руни
Втора подобра понуда на Челси за Вејн Руни во износ од 30 милиони фунти беше отфрлена од Манчестер Јунајтед, јавуваат англиските медиуми.
Првичниот предлог на лондончани од 20 милиони фунти на крајот на минатиот месец беше веднаш одбиен од менаџерот на "црвените ѓаволи" Дејвид Мојс, кој тврди дека Руни ќе остане во клубот.
Изгледа дека неговиот колега во Челси, Жозе Мурињо е решен да го купи напаѓачот, а и навивачите на Јунајтед ќе имаат свое мислење за ова прашање. Ако го пречекан враќањето на фудбалерот жестоко, тешко дека тој ќе сака да остане во клубот.
Руни сеуште нема направено формално барање за трансфер, но до крајот на трансфер прозорецот има цел месец.
Според локалните медиуми, тој е нервозен од статусот на резерва на Робин ван Перси.

No comments:
Post a Comment