- Флорентино на средба со сопственикот на Тотнем
Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез имал тајна средба со сопственикот на Тотнем Џо Луис, велат последните гласини.
Двајцата се виделе во Соединетите Американски Држави, каде што шпанскиот тим е на турнеја, а главна тема на разговорот бил трансферот на Гaрет Бејл во Реал Мадрид.
Шефот на Кралскиот клуб е решил да се обрати на еден од најбогатите луѓе во светот и со него да го договоти преминувањето на велшанецот на "Сантијаго Бернабеу", откако разговорите со Даниел Леви не даваат резултат. Намерата на Перес е Бејл да биде донесе во Мадрид, но тој не се согласува да плати 120 милиони евра за него.
Разговарано е и за начинот на плаќање, кој ќе биде на неколку рати, иако засега се тврди дека се уште не е постигнат договор.
76-годишниот Луис го има оставено раководењето на клубот во рацете на Леви, но сега може да се помогне за трансферот. Тој ги купи лондончани од Алан Шугар во 2001-та година, а неговата состојба се проценува на над 4 милијарди долари, што го става на 208-то место меѓу најбогатите луѓе во светот според рангирањето на "Форбс".

No comments:
Post a Comment