CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 2 August 2013

ЛАМПАРД, УШТЕ ИМА ПРОБЛЕМИ СО ПОВРЕДАТА НА АХИЛОВАТА ТЕТИВА.

- Лампард неизвесен за Англија против Шкотска

Фудбалерот на Челзи Франк Лампард може да ја пропушти средбата на Англија со Шкотска на 14-ти август, откако повредата на ахиловата тетива продолжува да му прави проблеми. 35-годишниот играч не учествуваше во ниту еден од четирите предсезонските натпревари за "сините" од Лондон, вклучувајќи ја и победата над Интер со 2:0.
Жозе Мурињо изрази надежи барем во последната средба од турнејата, против Рома во Вашингтон на 10 август, Лампард да земе учество:
"Френк се опоравува, но ние не сакаме да преземаме никаков ризик. Се надевам дека тој ќе игра на турнејата во САД, ако не во вториот натпревар, тогаш барем третиот или четвртиот."
Челзи ќе игра во Њујорк во неделата, а потоа во Мајами во вторник или среда, пред средбата со Рома, која е 8 дена пред отворањето на сезоната со Хал Сити.
Средбата на Англија со Шкотска е на 14 август, а Рој Хоџсон ќе го следи внимателно развојот на настаните на еден од најважните играчи во тимот на Англија.

ШМАЈХЕЛ ГИ ПОФАЛИ МЛАДИТЕ ИГРАЧИ НА ЈУНАЈТЕД, ЛИНГАРД И КИН.

-  Шмајхел: Лингард е подготвен за Манчестер Јунајтед

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Петар Шмајхел ги искажа своите очекувања Џеси Лингард и Мајкл Кин да се пробијат во првиот тим на "црвените ѓаволи" оваа сезона.
"Дејвид Мојс ќе биде задоволен дека толку млади играчи ја зедоа својата можност да го импресионираат," цитира официјалниот сајт на Јунајтед. "Јас мислам за Џеси Лингард кој се врати од турнејата како топ-реализатор на првиот тим."
"Тој имаше многу мал престој во Лестер и немаше многу настапи таму, но доби минути за резервите и таму беше најдобар играч. Можеби, тоа треба да е неговата шанса оваа година. Многу е интересно какво решение ќе земе Дејвид за него. "
"Мајкл Кин одигра многу добра сезона со Лестер и постигна успеси. Двајцата со Џеси се борат за една цел, и оваа искуство, кое го добија тука ќе одигра улога за нивната иднина и местото што ќе добијат."
"Нема сомневање Мајкл е многу, многу талентирано младо момче и тој извлече бенефит од неиграњето на Немања Видиќ на турнејата".

СОЛДАДО: ТОТНЕМ ТРЕБА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ИГРА ВО ЛШ.

-  Солдадо: Учеството на Тотнем во ЛШ е задолжително

Напаѓачот Роберто Солдадо, кој го договори својот трансфер во лондонскиот Тотнем, изјави дека главната задача за неговиот нов тим е пласман во Лигата на Шампионите.
"Тоа беше единствена понуда и најдобро од оние кои ги добив. За мене секогаш најважно е новиот спортски предизвик, а не парите. Разговарав со Вилаш-Боаш и тој ме убеди да се приклучат на неговиот проект. Тој создава навистина импресивен проект и учеството на тимот во Лигата на Шампионите едноставно ќе биде задолжително ".
"Премиер лигата секогаш ме интересирала: ги гледам натпреварите по телевизијата и претставувањето на англиските екипи во евротурнирите. Тоа е неверојатен предизвик за мене. Ветувам на навивачите дека упорно ќе работам и се надевам дека тие ќе ми дадат целосна поддршка, што ќе биде нивната благодарност ", изјави Солдадо.

ЧЕЛСИ ПОТПИША СО МЛАД ХРВАТСКИ НАПАЃАЧ

-  Официјално: Челси потпиша со 18-годишен хрватски напаѓач

18-годишниот напаѓач Стипе Перица потпиша договор со англискиот клуб Челси, соопштува официјалниот сајт на "сините" од Лондон. Тинејџерот се приклучи на тимот на Жозе Мурињо од хрватскиот тим НК Задар. Перица дебитира за Задар во септември 2012 година и има постигнато 10 гола во 23 натпревари за хрватскиот тим.


ТРАНСФЕРОТ НА БЕЈЛ ИЗНЕСУВА 105 МИЛИОНИ ФУНТИ, НО УШТЕ НЕМА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА.

-  Последна пречка пред трансферот на Бејл

Реал Мадрид и Тотнем веќе имаат постигнато договор за трансферот на ѕвездата на "Спарси" Гарет Бејл, а вкупната вредност на договорот е 105 милиони фунти (120 милиони евра). Информацијата беше распространета уште вчера од шпанскиот весник "АС", а денес "Мирор" ја потврди веста, истовремено откри која е последната пречка пред остварувањето на трансферот. Двете страни не можат да постигнат договор во врска со тоа кој од сегашните играчи на Реал ќе отиде во спротивна насока како дел од договорот. Сигурно Тотнем ќе добие сума која ќе ги надмине 80-те милиони фунти, платени од Реал за Кристијано Роналдо во 2009 година. Остатокот од мегазделката за Бејл ќе вклучи еден од играчите на "белите". Од Реал го нудат Фабио Коентрао, додека од Тотнем инсистираат на Алваро Мората, Лука Модриќ или Анхел ди Марија. Од "Сантијаго Бернабеу" категорично одбиваат да се разделат со Мората или Модриќ, кои влегуваат во плановите на Карло Анчелоти. Ди Марија пак не сака да ја продолжи кариерата во Тотнем. Се очекува разврската да дојде наскоро, но едно е сигурно - Бејл ќе стане најскапиот играч во историјата на фудбалот. Според информации во Англија, Бејл нема да земе учество во утрешната контрола на Тотнем со Монако, исто така е можно брзоногото крило дури да не патува во кнежеството.

ЧЕЛСИ И МУРИЊО ГО ПОБЕДИЈА ИНТЕР ВО САД

-  Челси го победи Интер пред 40 000 во Индијанаполис

Со головите на Оскар и Еден Азар, Челси го победи со 2:0 Интер во четвртфиналниот дуел од турнирот "Интернешенел Чемпионс Куп". Англискиот тим доминираше и заслужено победи пред  40 000 гледачи на "Лукас Оил Стејдиам" во Индијанаполис. Оскар го отвори резултатот во 12-тата минута, а во 28-тата Азар беше прецизен од пенал и ја зголеми предноста на "сините" од Лондон.
Вториот дел беше порамноправен, но Интер остана со човек помалку по час игра, кога Хуго Кампањаро  грубо го фаулираше Џон Тери и доби црвен картон.
Челси (4-2-3-1): Чех (46 - Шварцер); Ивановиќ (66 - Аспиликуета) Кејхил (59 - Д Луис), Тери, А Кол (72 - Бертранд); Рамиреш, Ван Гинкел (66 - Микел); Моузес (46 - Есиен), Оскар (46 - Мата) Азар (72 - Торес); Лукаку (59 - Ба). 
ИНТЕР (3-5-2): Хандановиќ (76 - Карисо); Кампањаро, Ранокиа, Жуан; Нагатомо, Камбиасо (68 - Кузмановиќ), Гуарин (76 - Олсен), Алварез (68 - Белфодил) А Переира (68 - Џонатан); Паласио (76 - Капело) Икарди (60 - Киву).


МЕНАЏЕРОТ НА ИПСВИЧ МЕККАРТИ СЕ ПОШЕГУВА СО ДОНКАСТЕР...

-  Менаџерот на Ипсвич: Може да ги донесеме Ријана или Бијонсе

Менаџерот на Ипсвич Мик МекКарти изјави дека може да  донесе до крајот на летниот преоден една од пејачката Ријана или Бијонсе.
На тој начин МекКарти го коментира трансферот на пејачот од групата One Direction Луис Томлинсон во новиот член на Чемпионшип дивизијата Донкастер.
Членот на дендот сепак нема да има професионален договор со тимот. Се очекува сепак тој да учествува во дел од тренинзите и да учествува со цел привлекување на повеќе фанови, како и собирање на средства за добротворни цели.
"Ние нема да донесеме член од One Direction, ќе ја земеме Ријана или Бијонсе", коментира шеговито Мик МекКарти.

СОЛДАДО КАЖА ЗОШТО ЈА ПРИФАТИ ПОНУДАТА ОД СЕВЕРЕН ЛОНДОН.

-  Солдадо: заминав Валенсија, бидејќи не верував во овој проект

Новото засилување на Тотнем Роберто Солдадо раскажа за своето напуштање на Валенсија. Како што е познато, денес двата клуба официјално го објавија договорот, откако лондончани се согласија да платат 30 милиони евра за шпанскиот репрезентативец.
"Јас заминав од Валенсија, бидејќи не верував во овој проект. Решив да си заминам по разговорот со претседателот. Салво многу пати ме лажел, што ме огорчи мене и моите агенти. Не ми се допаѓа неговиот манир на работа, но сепак и посакаувам на Валенсија само успеси", изјави Солдадо.

ВЕНГЕР: АРСЕНАЛ Е СИЛЕН И БЕЗ НОВИ ИГРАЧИ.

-  Венгер е убеден дека Арсенал е силен и без нови играчи

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека тимот има шанса за успех, дури и без да привлекува нови фудбалери.
"Ние пред се обидуваме да го засилиме тимот, но исто така имаме фундамент на млади фудбалери кои имаа можност да почнат да собираат искуство директно во Премиер лигата, како Шчесни, Џенкинсон, Чембрлејн, Вилшер, Ремзи, Волкот - тоа е уникатно, никој не направил такво нешто досега ", изјави Венгер.
"Овие играчи имаат посебна врска меѓу себе и тие се наоѓаат во подем, се уште не го достигна својот врв. Следната сезона ќе се подобри и јас сум убеден дека следната сезона ние ќе бидеме посилни. Фантастично го одигравме крајот на сезоната, остварувајќи осум од десет натпревари. Имавме добри подготовките за новата сезона и за првпат од неколку години не сме изгубиле ниту еден играч. Нашата цел е да ја пренесеме таа доверба на стартот на новата сезона, многу е важно да ја почнеме успешно сезоната ", додаде Французинот.

ШМАЈХЕЛ: ДУЕЛОТ СО АИК Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА МОЈС И ЈУНАЈТЕД.

-  Шмајхел: Натпреварот со АИК е еден од најважните за Мојс и играчите

Легендата на Манчестер Јунајтед, Петар Шмајхел верува дека последната средба од предсезонските турнеја против шведскиот АИК ќе биде клучен тест за Дејвид Мојс.
"Во моментов АИК се наоѓа во многу добра форма, бидејќи во Скандинавија фудбалскиот сезона веќе започна, и секој еден тим од овој регион е подготвен за игра. Јунајтед сеуште не нема постигнато оптимална форма и иако мислам дека тимот е подготвен за натпреварот , брзината нема да биде толку висока. Сепак, за Дејвид Мојс натпреварот е еден од најважните.
Убаво е што се соочуваме против АИК. Веројатно ова е последна шанса за играчите да се изборат за стартното место. Во таа смисла дуелот навистина е од големо значење.
Сега сме на крајот на предсезонските турнеја и голем дел од фудбалерите веќе се вратија во тимот и работат на својата физичка форма. Неколку момчиња добија полесни повреди.
Сметаме дека Руни ќе излезе на теренот во Стокхолм и се надеваме дека тоа ќе стави крај на шпекулациите за неговата иднина ", изјави Шмајхел.


АЈЕР: СУАРЕЗ И СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ИГРА ЗА ЛИВЕРПУЛ.

-  Ајер: Суарез ќе биде со нас во следната сезона

Извршниот директор на Ливерпул Јан Ајер ги коментира информациите за евентуалната продажба на напаѓачот Луис Суарез. Од почетокот на летото уругвајскиот репрезентативец е поврзуван со напуштање на "Енфилд", а главните кандидати за потписот на играчот се Арсенал и Реал Мадрид.
"Никогаш не сме имале намера да се разделуваме со него. Тој игра за нашиот тим и напорно тренира. Не сме добиле ниту една понуда за негов трансфер од клубови надвор Островот. Тој ќе биде со нас во следната сезона. Ако добивав по фунта од овие кои ме среќаваат на улица и ме молат да не продавам Суарез ... ", изјави Ајер.


БЛЕКПУЛ СЕ ЗАСИЛИ СО РОБИНСОН ОД ЛИВЕРПУЛ.

-  Блекпул зеде на позајмица  дефанзивец на Ливерпул

Блекпул го зеде на позајмица дефанзивецот на Ливерпул Џек Робинсон, соопшти официјалниот сајт на Ливерпул. Според информациите, 19-годишниот фудбалер ќе ја помине сезоната 2013/14 во тимот од Чемпионшип дивизијата. Мандарините со привлекувањето на Робинсон ќе ја зголемат конкуренцијата во тимот во дефанзивната линија. Тоа ќе биде од  големо полза за тимот во борбата за обезбедување на елите статус. Познати се  фактите за  Чемпионшип дивизијата во кој се одигруваат многу натпревари, во кои тимовите што имаат најширок состав се борат за освојување на првите 3 места кои водат во елитата.
Во вториот дел од минатата сезона Робинсон играше на позајмица во Вулверхемптон.

СВОНСИ УБЕДЛИВ ВО ДЕБИТО, ВО ЛИГА ЕВРОПА


-  Свонси со летечки старт во Лига Европа

По 22 години пауза Свонси се врати во евротурнирите на впечатлив начин. Лебед го победоја со 4:0 Малме дома во првиот натпревар од прелиминарните кругови на Лига Европа. Носителот на Купот на Лигата на Англија речиси сигурно ќе учествува во плејофот колото за влез во групите.
Последниот пат, во кој Свонси играше во Европа беше во 1991 година против Монако, каде што во тоа време беа Арсен Венгер, Емануел Пети, Џорџ Веа и Јури Џоркаеф.
Првиот гол за Свонси во Лига Европа беше дело на топстрелецот од минатата сезона - Мичу во 37 минута. Малку потоа Свонси го постигна својот втор гол. Вилфриед Бони дебитираше за Свонси со погодок во 55минута, а потоа беше точен и во 59 минута. Конечниот резултат 4:0 го постигна уште еден дебитант за Свонси, Алехандро Позуело во 86 минута.


Swansea City 4-0 Malmo FF (All Goals) ourmatch.net - Video Dailymotion




СИТИ ПОРАЗЕН ОД БАЈЕРН ВО ФИНАЛЕТО НА AUDI CUP 2013.

-  Баерн со пресврат го победи Манчестер Сити и го освои "Ауди Купот"

Европскиот клупски шампион Баерн (Минхен) го освои турнирот "Ауди Купот" во баварската престолнина по тешка победа со 2:1 над Манчестер Сити во финалниот дуел. Алваро Негредо го отвори резултатот за англичаните во 61-тата минута, но во 66-тата Томас Милер израмни од пенал, а малку подоцна  резервата Марио Манџукиќ го постигна вториот гол за домаќините. 

Баерн (4-1-4-1): Нојер; Лам (89 - Вајзер), Х Мартинез (75 - Боатенг), Данте (68 - Ван Бујтен) Алаба; Тиаго (57 - Шакири); Робен (57 - Манџукиќ), Крос (59 - Рафиња), Швајнштајгер (65 - Кирхоф), Рибери; Милер 
Тренер: Пеп Гвардиола
Манчестер С (4-2-3-1): Пантилимон; Забалета, Компани, Бојата, Клиши; Фернандињо, Г . Бари (46 - Туре); Милнер; Јоветиќ (47 - Х Навас), Насри; Негредо (76 - Џеко) 
Тренер: Мануел Пелегрини


ТОТНЕМ НАЈДЕ ЗАМЕНИК ЗА БЕЈЛ , ЕРИК ЛАМЕЛА ОД РОМА

-  Тотнем најде заменик на Бејл

Тренерскиот штаб на Тотнем веќе најде заменик на  ѕвезда на тимот Гарет Бејл, соопшти британскиот печат.
Бејл е пред преминување во шпанскиот гигант Реал Мадрид за рекордните во фудбалската историја 100 милиони фунти. Според шпанскиот "Ас", двата клуба веќе го договориле трансфера на велшанецот.
Доколку продажбата на Бејл се случи, од "Вајт Харт Лејн" се подготвени веднаш да испратат понуда за крилото на Рома Ерик Ламела. 21-годишниот аргентински репрезентативец е проценет на 25 милиони фунти.
Ламела пристигна во италијанската престолнина од Ривер Плата во 2011 година и за две сезони настапи на 66 официјални натпревари, во кои постигна 21 гола и 12 асистенции.