- Тотнем најде заменик на Бејл
Тренерскиот штаб на Тотнем веќе најде заменик на ѕвезда на тимот Гарет Бејл, соопшти британскиот печат.
Бејл е пред преминување во шпанскиот гигант Реал Мадрид за рекордните во фудбалската историја 100 милиони фунти. Според шпанскиот "Ас", двата клуба веќе го договориле трансфера на велшанецот.
Доколку продажбата на Бејл се случи, од "Вајт Харт Лејн" се подготвени веднаш да испратат понуда за крилото на Рома Ерик Ламела. 21-годишниот аргентински репрезентативец е проценет на 25 милиони фунти.
Ламела пристигна во италијанската престолнина од Ривер Плата во 2011 година и за две сезони настапи на 66 официјални натпревари, во кои постигна 21 гола и 12 асистенции.

No comments:
Post a Comment