CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 2 August 2013

ТРАНСФЕРОТ НА БЕЈЛ ИЗНЕСУВА 105 МИЛИОНИ ФУНТИ, НО УШТЕ НЕМА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА.

-  Последна пречка пред трансферот на Бејл

Реал Мадрид и Тотнем веќе имаат постигнато договор за трансферот на ѕвездата на "Спарси" Гарет Бејл, а вкупната вредност на договорот е 105 милиони фунти (120 милиони евра). Информацијата беше распространета уште вчера од шпанскиот весник "АС", а денес "Мирор" ја потврди веста, истовремено откри која е последната пречка пред остварувањето на трансферот. Двете страни не можат да постигнат договор во врска со тоа кој од сегашните играчи на Реал ќе отиде во спротивна насока како дел од договорот. Сигурно Тотнем ќе добие сума која ќе ги надмине 80-те милиони фунти, платени од Реал за Кристијано Роналдо во 2009 година. Остатокот од мегазделката за Бејл ќе вклучи еден од играчите на "белите". Од Реал го нудат Фабио Коентрао, додека од Тотнем инсистираат на Алваро Мората, Лука Модриќ или Анхел ди Марија. Од "Сантијаго Бернабеу" категорично одбиваат да се разделат со Мората или Модриќ, кои влегуваат во плановите на Карло Анчелоти. Ди Марија пак не сака да ја продолжи кариерата во Тотнем. Се очекува разврската да дојде наскоро, но едно е сигурно - Бејл ќе стане најскапиот играч во историјата на фудбалот. Според информации во Англија, Бејл нема да земе учество во утрешната контрола на Тотнем со Монако, исто така е можно брзоногото крило дури да не патува во кнежеството.

No comments:

Post a Comment