- Солдадо: заминав Валенсија, бидејќи не верував во овој проект
Новото засилување на Тотнем Роберто Солдадо раскажа за своето напуштање на Валенсија. Како што е познато, денес двата клуба официјално го објавија договорот, откако лондончани се согласија да платат 30 милиони евра за шпанскиот репрезентативец.
"Јас заминав од Валенсија, бидејќи не верував во овој проект. Решив да си заминам по разговорот со претседателот. Салво многу пати ме лажел, што ме огорчи мене и моите агенти. Не ми се допаѓа неговиот манир на работа, но сепак и посакаувам на Валенсија само успеси", изјави Солдадо.

No comments:
Post a Comment