- Јол: Сите сме под притисок
Менаџерот на Фулам, Мартин Јол признава, дека е под притисок пред домашниот натпревар со Манчестер Јунајтед во саботата.
"Во сите клубови од Премиер лигата е исто. Ако не постигнуваш добри резултати, следат критики. Моите момци знаат, дека требаат да нападат, за сопствената репутација и за мојата, па ќе дадат 100% од себе. Минатата Недела Јунајтед имаше вкупно 11 поени, а ние 10, па не се очекува тоа од тим како Манчестер Јунајтед. Ги гледавме сите нивни натпревари, например против Реал Сосиедад им беше тешко да постигнат втор гол. Ако постигнеш само еден гол, секогаш си под притисок и се надеваме, дека можеме да ја земеме иницијативата во натпреварот. Се разбира, не можеме да го контролираме натпреварот против Јунајтед за полни 90 минути, но ќе се обидеме да направиме нешто различно, од она што го покажавме против Саутхемптон минатата недела".
"Забавно е, што не постигнуваме добри резултати дома. Во последните 10 години Фулам постигнуваше многу малку победи како гостин, а ние веќе два пати победивме на гости оваа сезона и тоа е нешто позитивно", изјави Јол пред натпреварот со шампионот на " Крејвен Котиџ".

No comments:
Post a Comment