- Агуеро сака да стави крај на конфликтот со Марадона
Серхио Агуеро сака да стави крај на конфликтот со Диего Марадона, кој го нарече "слабак". Двојката има син по име Бенџамин, но Серхио и Џанини (ќерка на Марадона) се разделија порано оваа година, по 4-годишен брак. Агуеро се обиде да ја смири ситуацијата преку својот профилот на Фејсбук, каде што пишува :
"Секогаш било јасно за мене, дека син ми Бенџамин е најважниот дел од мојот живот. Тој е на прво место. Никогаш не сум сакал да го откријам личен живот пред медиумите. Затоа зборував со своите најблиски и им реков, дека колку и да се навредени, тие не смеат да одговараат на прашања од медиумите. Никогаш не сум зборувал за овие теми и тоа е последниот пат кога го правам. Треба да се реши овој конфликт во 4 очи. Така е најдобро за Бенџамин".

No comments:
Post a Comment