Saturday, 2 November 2013

ПОЧЕТИНО ГО ОДБРАНИ ОСЛВАЛДО ОД НАПАДИТЕ УПАТЕНИ КОН НЕГО.

-  Почетино му предвидува добра кариера на Освалдо на Островот.

Менаџерот на Саутхемптон, Маурисио Почетино застана зад својот рекорден трансфер Пабло Освалдо и изјави, дека италијанецот ќе има успешна кариера во Англија веднаш штом ќе се навикне на ситуацијата и фудбалот на Островот.
"Во денешно време, со социјалните медиуми на располагање, секој може да ја објавите било каква вест, затоа ние не обрнуваме внимание на овие информации. Сака да се фокусираме на реалноста. Секој може да каже или напише, што ќе реши, па затоа е тешко да докажеш или отврлиш нешто такво. За нас најважно е, што знаеме каква е ситуацијата со секој од фудбалерите. Пабло Освалдо уште се адаптира. Постои огромна разлика помеѓу италијанскиот, шпанскиот и англискиот фудбал. Од своето искуство можам да кажам, дека тука е најтешко. Лига е првенството со најголема конкуренција, а особено за напаѓачите периодот на адаптација е многу тежок. Секој се справува во различен временски период, но сигурен сум , дека тој нема да има проблеми. По неколку месеци ќе го видиме најдоброто, од Пабло", изјави Почетино.


No comments:

Post a Comment