- Руни подготвен за средбата со Сандерленд
Напаѓачот Вејн Руни ќе се врати во составот на Манчестер Јунајтед за гостувањето во Сандерленд од Премиер лига во саботата. Англискиот репрезентативец бил удрен во главата од својот соиграч Дени Велбек за време на тренингот во вторникот.
"Вејн Руни ќе биде подготвен за Сабота. Решивме да не ризикуваме со него, откако се судри со Дани Велбек на тренингот", изјави менаџерот на "црвените ѓаволи" Дејвид Мојс.

No comments:
Post a Comment