- Пелегрини: Не игравме добро
Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини ги критикуваше своите играчи по поразот со 1:3 дома од Баерн во Лигата на Шампионите.
"Не игравме воопшто добро, тоа не беше играта која ја покажуваме секоја Недела во Премиер лигата и тоа е најлошото. Не ја поседувавме топката и не направивме ништо значајно. Баерн имаше иницијативата, а денес не беше воопшто добар ден за нас. Вие новинарите може да направите проценка на секој од играчите, но не мислам дека вината за загубата е само во нашиот голман", смета Пелегрини.

No comments:
Post a Comment