Thursday, 3 October 2013

ВЕНГЕР СО НОВ ТРИГОДИШЕН ДОГОВОР.

-  Венгер ќе добие 24 милиони со новиот договор со Арсенал

Официјалните преговори меѓу Арсенал и Арсен Венгер односно новиот договор на французинот се очекува да започнат секој момент, тврдат медиумите на Островот. Договорот ќе биде за три сезони, а Венгер ќе добива по осум милиони фунти годишно или вкупно 24 милиони за целиот период. Зголемувањето е со 500 илјади по сезона во споредба со сегашниот договор, кој истекува следното лето. Преговорите ќе се одржат за време на паузата за натпреварите на националните тимови следната Недела.

No comments:

Post a Comment