- Венгер: Поддршката на навивачите ни помогна да ја вратиме самодовербата
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер верува, дека поддршката на навивачите му помогна на тимот да ја врати самодовербата и да заигра толку добро во последно време.
"Кога тимот има самодоверба, тој излегува на теренот со позитивен став, а со тоа доаѓаат и позитивните резултати. Работите се реализираат полесно кога играчите излегуваат на теренот со мислата:"ајде да оствариме уште една победа". Минатата сезона расположението беше песимистичко и тоа не ни помагаше. Сега работите се променија драстично и нашите навивачи повторно имаат верба во тимот. Ова е многу важно, ако сакаме да постигнуваме успеси. Секогаш сум кажувал, дека за тимот е важно да чувствува, дека фановите се зад него", изјави Венгер.

No comments:
Post a Comment