- Гигс: Шампиони сме и ќе ја поправиме ситуацијата
Ветеранот во Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс призна, дека е тешко да ги именува причините за лошиот старт на сезоната, но во исто време велшкиот фудбалер изрази надеж, дека наскоро ситуацијата ќе биде поправена.
"Ова не е најдобариот старт на сезоната, но добрите работи се состојат во тоа што имаме многу време да ја поправиме ситуацијата. Знаеме каков е нашиот тим, има падови и успеси. Успесите не не заблудуваат, тоа не се случува и кога не играме добро. Не можам точно да кажам зошто работите не одат. Едноставно не игравме доволно добро, индивидуално и тимски. Резултатите зборуваат сами за себе, но знаеме дека во соблекувалната на Јунајтед го има мајсторството. Ние сме шампиони и минатата година ја покажавме својата класа. Треба повторно да го покажеме тоа".
"Сер Алекс беше извонреден менаџер и имаше огромно влијание врз играта на тимот. Таквите личностии како него секогаш ќе недостасува. Но јас не мислам, дека тоа е доволна причина, затоа што индивидуално не играме како што треба. Не играме добро и како тим. Немаме повредени играчи како што беше минатата година, поради тоа можам да кажам, дека немаме причина да се претставуваме лошо", изјави Гигс.

No comments:
Post a Comment