- Сања аут две недели
Дефанзивецот на Арсенал, Бакари Сања ќе отсуствува о терените околу две недели. Французинот има повреда на бутот добиени во натпреварот со Наполи во Лигата на Шампионите. Следниот ден дефанзивецот беше прегледан со скенер и се покажа, дека проблемот не е толку лесен и играчот ќе мора да одмара. Тој сигурно ја пропушта средбата со Вест Бромич викендов, како и натпреварите на националниот тим на Франција против Австралија и Финнска. Очекувањата се, дека тој ќе биде подготвен за дуелот со Норич на 19 Октомври. Добрата вест за Арсен Венгер е што Карл Џенкинсон е подготвен за игра и ќе може да го пополни местото на десниот бек на одбраната во претстојниот натпревар со Норич.

No comments:
Post a Comment