Friday, 4 October 2013

ВЕНГЕР СО КРИТИКИ ЗА ПУШАЧОТ ВИЛШЕР

-  Венгер го критикуваше Вилшер поради пушењето

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не криеше, дека е подготвен да го подложи на строги критики полудефанзивецот Џак Вилшер, откако тој беше фатен како пуши пред ноќен клуб минатиот петок.
Фотографија на англискиот репрезентативец со цигара во уста беше објавена на социјалната мрежа "Твитер" и Венгер верува, дека тоа е недозволиво за фудбалер. Не само од гледна точка за штетата врз здравјето, но и затоа што играчите треба да служат за пример во општеството.
"Целосно сум несогласен со таквото однесување. Јас ќе разговарам со него поради тоа. Како фудбалер не треба да правиш работи кои му штетат на здравјето. Освен тоа го расипуваш угледот, кога го правиш тоа јавно", изјави Венгер за "Дејли Меил".
Запрашан дали ќе преземе дисциплински мерки против Вилшер, менаџерот рече: "Не знам што се случило, па не можам да зборувам за казна."


No comments:

Post a Comment