- Карик сака нов договор со Јунајтед
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик се надева на нов договор со клубот. Сегашниот ангажман на халфот на "Олд Трафорд" истекува на крајот на сезоната, но тој очекува да потпише нов договор и да остане уште неколку години во Јунајтед.
"Би бил задоволен, ако продолжам да играм што е можно подолго за клубот. Ова е фантастично место за секој фудбалер. Засега се чувствувам добро. Наполнив 32 години, но сметам дека имам уште многу време за игра", изјави Мајкл Карик
Карик освои пет шампионската титула во Англија со "црвените ѓаволи" и еднаш триумфираше во Лигата на Шампионите за седум години во клубот.

No comments:
Post a Comment